
Златни медали освоија Стојановиќ, Белистојаноски и Милева, сребро за Божовиќ, Алиу и Ангеловски на Меѓунарорниот турнир Гранд при Кроација.
Стефан Стојановиќ (У-21) во категоријата над 84 килограми, Матеј Белистојаноски (-60 кг) и Марија Милева (-55 кг, У-21) освоија златни медали на Меѓународен карате турнир Гранд при Кроација во Самобор, Хрватска.
Јуниорот Данило Божовиќ во категоријата +76 го освои сребрениот медал, како и јуниорот Андреј Ангеловски и Рудина Алиу во категоријата (-55 кг, У-21).
На големиот Меѓународен карате турнир Гранд при Кроација настапуваат 36 каратисти од Македонија од повеќе клубови.
Со свои каратисти настапуваат Макпетрол (12) , Кизаме (3), Ботони (3) , Куштрими (1), Асиарт (1), Цветан Димов (3), Спорт 94 (1), Башкими (1), Олимпик спорт (11).