Вработените секоја година оставаат многу пари на даночните власти бидејќи не знаат што може да се поврати од даноците. Даночната пријава можете да ја пополните онлајн или да ја подигнете во даночната служба (Finanzamt).
Доколку сакате, можете да побарате враќање на данокот со помош на даночен советник – Steuerberater, а постои и опција да купите софтвер (апликација) со чија помош сами ќе пополните Steuererklärung.
Колку време имате да поднесете даночна пријава?
Имате право да поднесете даночна пријава за четири години, што значи дека барањето за 2019 година можете да го поднесете најдоцна до 31.12. 2023 година, но ова се однесува само на лица кои доброволно/freiwillig сакаат да аплицираат за поврат на данок, кои не се обврзани да го прават тоа.
Кои се вонредните трошоци /aussergewönliche Belastungen und Sonderausgaben?
Трошоци за преселба – ви се враќаат ако сте се преселиле од здравствени причини. Ако сте се преселиле од приватни причини тогаш трошоците што ги имате за луѓето кои ви помагаат – Umzugshelfer – се наведени како haushaltsnahe Dienstleistungen. Преселбата заради работа се третира како Werbungskosten или Betriebsausgaben.
Pflegekosten – трошоци за нега на друго лице. Кој се грижи за друго лице, може да ги одбие од данок трошоците што ги имал за нега или паушален износ од 924 евра. Паушалната сума се добива само во случај лицето кое се грижело за друго лице да не добие надоместок за таа работа, туку тоа го прави во својот стан или во станот на лицето што го негува.
Трошоци направени околу породувањето – на пр. трошоци за акушерка, лекови, престој во болница, лекар.
Патни трошоци – одењето на лекар, аптека или болница може да се одбијат од данок. Ако сте користеле сопствен автомобил за да возите, Finanzamt ќе ви го надомести само она што би го потрошиле доколку сте користеле јавен превоз.
Трошоци за реновирање на стан или куќа – ако сте одстраниле одредена опасност по здравјето со реновирање, на пр. мувла по ѕидовите итн.
Трошоци направени за развод на брак.
Трошоци поврзани со образованието на детето
Слушни помагала – ако имате рецепт од лекар за слушно помагало
Очила – доколку имате лекарска потврда/рецепт дека ви се потребни нови наочари
Трошоци за погреб – ако трошоците за погреб се поголеми од наследството
Трошоци за градинка или Tagesmutter – 2/3 од трошоците што сте ги имале за згрижување на детето може да се одбијат додека детето не наполни 14 години.
Трошоци за издржување на разведен партнер
Трошоци за алиментација, издршка на деца
Придонес за црквата
Донации, доброволни прилози во хуманитарни организации – Spenden
Трошоци за даночен советник – Steuerberatungskosten
Трошоци за репрезентација/Werbungskosten – се трошоци кои се поврзани со вашата работа. Ова ги вклучува патните трошоци за оние кои патуваат на работа надвор од нивното место на живеење, т.н Pendlerpauschale.
Трошоци за работна соба доколку на работа немате позиција, како што се наставници или ако работите од дома
Трошоци за различни видови осигурување, како што се Kranken- и Pflegeversicherung, потоа Arbeitslosen- и Haftpflichtversicherung. Потоа, ако треба да управувате со двојно домаќинство поради работа – doppelte Haushaltsführung
Други трошоци за репрезентација:
Средства за работа: компјутер, стручна литература, биро за пишување, полица, трошоци за интернет доколку го користите за службени цели, трошоци за службени патувања што сте ги платиле сами, трошоци за професионален развој – Fortbildungskosten, трошоци за образование – Ausbildungskosten, трошоци за преквалификација – Umschulungskosten , такси за студирање – Studiengebühr.
Овде се наведени само некои од трошоците што можете само делумно или целосно да ги одбиете од вашите даноци. Подетални информации можете да добиете од вашиот даночен советник.
Нашата препорака за steuerberater е Жаклина Ситновска која можете да ја контактирате на следниов линк и со која можете да зборувате на македонски јазик.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.