Како да добиете социјален стан и помош од државата во Германија

Кириите во Германија се скапи и за жал, стануваат се поскапи. Доколку имате проблем да најдете соодветен стан за вас и вашето семејство или имате проблем да платите кирија за станот во кој живеете, добро би било да пробате една од опциите каде што државата помага. Прочитајте подолу!

Социјални или WBS станови

Таканаречените социјални станови се достапни во повеќето градови и општини во Германија. Станува збор за станови финансирани од државата, а таквите станови често се нудат како станови со потврда за станбено право (WBS), поради што често се нарекуваат WBS станови.

Најважните работи во врска со социјалните станови:

  • Мора да имате потврда за правото на домување издадена од канцеларијата за домување или локалната власт
  • дали имате право на социјален стан одредуваат неколку фактори, а клучот е вашиот приход, приходот на вашето семејство да не го надминува пропишаниот максимален лимит.
  • Максималната граница варира од место до место. Можете да добиете информации општинската администрација или канцеларијата за домување.
  • Барателите за социјални станови се класифицирани во групи, т.н. нивоа на итност.

Изнајмувањето такви станови е значително поевтино од становите на приватниот финансиски пазар на недвижности. Станарите на социјалните станови во просек можат да заштедат и до 20-30 отсто од месечната кирија, а на годишно ниво тоа би изнесувало неколку илјади евра.

Важно е да се истакне дека вие, како станар, сте заштитени од ненадејно зголемување на киријата.

Кој има право?

Веќе споменавме дека право на социјален стан оние кои имаат потврда за станбено право. Можете да аплицирате за ова во надлежната канцеларија за домување или област. Трошоците не се високи, околу 10 до 30 евра.

За да имате право на потврда за станбено право:

  • мора да имате постојан престој во Германија или да имате валидна дозвола за престој најмалку една година
  • мора да сте полнолетни
  • вашиот приход во семејството не смее да ја надмине границата

Последната точка е исто така најважна. Доколку износот на вашиот приход е помал од лимитот утврден за оваа намена, имате право да поднесете барање до градската или општинската администрација за издавање на потврда за право на користење на социјални станови.

Сепак, тоа предизвикува голема несигурност кај апликантите. Границите на приходот се дефинирани со Законот за промоција на домувањето, но поединечните сојузни републики можат да отстапат од нив и да постават свои граници. Овде можете да видите кои се горните граници за поединечни републики во Германија.

Треба да се напомене дека при пресметувањето децата се сметаат и како дополнително лице и како деца. На пример Татко и мајка и едно дете се пресметува: (2 лица) 18.000 евра + (дополнително лице – дете) 4.100 евра + (дете) 500 евра = 22.600 евра.

Со помош на WBS калкулаторот, можете да добиете почетни информации за вашето право на социјален стан.

Тип А или Тип Б

Ако имате право на потврда за социјален стан, можете да ја добиете како тип А или тип Б.

Ако ги исполнувате сите критериуми и вашиот приход од домаќинството е под границите, се квалификувате како WBS Тип А.

Ако ви е издаден WBS тип Б, тоа значи дека вашиот бруто годишен приход е малку над границата на приходот, но сепак имате право на социјален стан. Со дозвола од типот Б, можете да изберете станови кои се малку поскапи од становите за луѓе со дозвола од типот А.

Становите за носители на дозволи од типот Б не се добиваат преку градот туку треба сами да барате соодветен стан.. Обично самите општини имаат свои портали каде се нудат вакви станови.

Сепак, такви станови можете да најдете и на популарните портали за недвижнини. Ако најдете соодветен стан, мора сами да го контактирате сопственикот и да го претставите вашиот WBS. Доколку има уште неколку потенцијални станари за истиот стан, сопственикот може сам да го избере станарот, исто како во случајот со нормално изнајмување.

Нивоа на итност

Веќе ги спомнавме т.н Нивоа на итност. Што точно значи тоа?!

Со оглед на тоа што има повеќе заинтересирани за социјални станови, властите едноставно мора да ги поделат барателите во групи, односно нивоа на итност.

На пример пензионерите, тешките инвалиди или хронично болните обично се квалификуваат како особено итни и обично брзо добиваат стан. Бремените жени, самохраните родители, семејствата со мали деца обично спаѓаат во повисок приоритет отколку семејствата со деца на училишна возраст.

Ако треба да го напуштите вашиот сегашен стан затоа што вашиот сопственик сака да се врати во тој стан или има некои лични потреби, властите ќе ви доделат социјален стан што е можно поскоро.

Овде можете да најдете список на канцеларии одговорни за вашиот WBS.

Можете да најдете многу повеќе корисни информации и совети на оваа тема на wbs-wohnung.de.

Друга државна поддршка поврзана со домувањето е субвенцијата за кирија или Wohngeld.

Тука прочитајте:

Како да најдете стан во Германија?

Градски стан во Германија

Најдобар портал за барање стан во Германија

Како да откажете стан во Германија?

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија