Како до работа во Словенија

Поради популарноста на Словенија меѓу граѓаните од другите поранешни југословенски земји, веб-страницата „Workism“ подготви основни информации за животот и работата во Словенија.

Можност за вработување

Веќе некое време Словенија бара работници со пониско ниво на образование за работа во производство. Исто така, потребни им се возачи на камиони, електричари, механичари, столари, продавачи, комерцијалисти, чистачи, келнери, готвачи и сл.

Постои потреба и за работници што се високо квалификувани, како доктори и инженери.

Во втората половина од 2020 година работодавците најавија дека ќе бараат околу 25.000 нови работници, пред сè поради замена (пензионирање, породилно отсуство и слично), но и поради потреба за проширување на активностите на компаниите. Не се сите работни места наменети за странци, но одредени квоти се дефинирани, особено оние струки што се дефицитарни меѓу Словенците. Главно станува збор за работни позиции наброени погоре.

За барање работа низ градовите, вид на работа, вид на образование и слично, можете да пребарате на веб-страницата на Агенцијата за вработување на Словенија.

За барање работа по компании, можете да ја посетите страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Останати интернет-страници за барање работа во Словенија:

/https://www.mojedelo.com/prosta-delovna-mesta/vsa-delovna-mesta?p=1

https://www.mojazaposlitev.si

https://www.zaposlitev.info/http://www.zaposlitev.net/delo.php

За високо квалификувани поединци постои опцијата ЕУ сина карта. Ова е исто како зелената карта во Америка. Дизајнирана е за да ја направи Европа попривлечна за професионалци кои доаѓаат надвор од земјите од европската економска област. Ако сакате да добиете сина карта во Словенија, треба да го имате соодветното високо образование што го бара Словенија, да нема кандидат за работа на листата на невработени лица во Словенија и да потпишете договор за работа од најмалку година дена со кој работодавецот се обврзува вашата месечна плата да ја направи да изнесува 1,5 од просечната бруто-плата. На тој начин вие добивате работа, а работодавецот добива квалификуван работник и одредени бенефиции. Повеќе информации за ЕУ сината карта можете да пронајдете ТУКА.

Просечната месечна плата во Словенија изнесува околу 1.050 евра. Странците во Словенија (особено оние со понизок степен на образование) треба да знаат дека ќе земаат пониска плата или минималец, што изнесува 570 евра.

Во случај еден од условите за вработување да е нострификација на диплома, тогаш можете да се обратите во центарот „ENIC-NARIC“ по пошта или лично за процена на вашата диплома. Трошоците за процена изнесуваат 50 евра, но треба да имате предвид дека другата документација, преводите и судската заверка исто така треба да се платат. Повеќе информации можете да пронајдете ТУКА.

Повеќе за Законот за нострификација и признавање на дипломите во Словенија можете да најдете ТУКА.

Важно е да знаете дека сите работници во Словенија имаат исти права и обврски како словенечките работници. Повеќе за правата и обврските можете да пронајдете ТУКА.

Социјално осигурување

Уште на почетокот на работата работодавецот е должен да ви обезбеди социјално осигурување. Покрај ова задолжително осигурување, постои и дополнително осигурување кое веб-страницата „Workism“ ви препорачува да го имате. Најевтиното дополнително осигурување изнесува околу 30 евра месечно, а можете да го извадите во некое осигурително друштво.

„Workism“ ви препорачува и да побарате европска картичка во Институтот за здравствено осигурување на Словенија. Добро е да ја имате, особено ако повремено патувате во други ЕУ-земји. Повеќе информации за картичката можете да најдете ТУКА, а аплицирањето за оваа картичка можете да го направите ТУКА.

До вработување преку студирање

За сите оние што сакаат да студираат во Словенија, можноста за заработка е доста добро уредена преку студентските сервиси. Иако саатницата често е минимална (изнесува 3,90 евра) работа можете да најдете за брзо време. Постојат различни студентски сервиси од кои некои се и агенции за вработување:

https://www.studentski-servis.com/podjetja
https://www.mservis.si/
http://www.web-servis.com/
http://stud-serv-mb.si/
http://www.agado.si/
http://www.adecco.si/studenti/
http://www.kadis.si/storitve/studentski-servis/
http://atama.si/S1300/%C5%A0tudentski+servis

Списокот на универзитети во Словенија ги вклучува:

Универзитетот во Љубљана
Универзитетот во Марибор
Универзитет на приморје
Универзитетот во Нова Горица
Универзитет ЕМУНИ

и други независни факултети.

Повеќе информации можете да најдете на веб-страницата на Министерството за високо образование, наука и технологија.

Документи

Со оглед на тоа што Словенија е членка на ЕУ, граѓаните од земјите што не се дел од ЕУ можат да престојуваат 90 дена. Она што треба да го направите е да се регистрирате во најблиската полициска станица со привремена адреса на престојување во рок од 3 дена. Со себе треба да понесете пасош и доказ дека ќе престојувате на адресата на која сте регистрирани.

После 90 дена престој во Словенија, треба или да излезете од земјата или да побарате документи за виза.

Работна дозвола можете да добиете во словенечката амбасада/конзулат во вашата земја или во управната единица каде што барате работа. За да аплицирате за работна виза, потребно е да имате договор за работа и уредно осигурување. Останатите документи зависат од земјата од каде што доаѓате и дали аплицирате дома или во управната единица во Словенија. Услугата се наплаќа. Со работна дозвола имате можност не само слободно да се движите низ Словенија туку и низ цела Европска Унија.

Потребно е да знаете дека после пет години континуирано живеење и работење во Словенија можете да поднесете барање за издавање дозвола за постојано живеалиште. После тоа, многу е полесно да барате и да најдете работа бидејќи можете да се пријавите во Агенцијата за вработување и да имате слободен пристап до пазарот на труд.

Повеќе информации за влегувањето и престојувањето во Словенија и други корисни информации и контакти можете да најдете на оваа брошура.

Пари во Словенија

Валутата е евро. Парите можете да ги менувате во менувачници, банки, пошти и некои хотели и казина. Плаќањето е во готово или со кредитна картичка (виза, мастеркард, маестро). Словенија е прилично добро покриена со банкомати. За подобар увид каде се наоѓаат банкоматите и кои картички ги примаат, можете да погледнете ТУКА.

Сместување

Доколку барате соба, стан или куќа, обидете се да пронајдете на овие линкови:

http://www.realestate-slovenia.info/http://bosna.bazanekretnina.com/http://oglasi.svet24.si/oglasi/nepremicnine/stanovanjehttp://www.bolha.com/nepremicnine/stanovanja/?adTypeH=03_Najamem%2F

Просечната цена на еднособен стан за изнајмување зависи од локацијата. Најскапи се во Љубљана со цена од околу 400 евра за сите трошоци. Пониски цени има во помалите места.

Јазик

Словенечкиот јазик припаѓа на групата индоевропски јазици. Има 25 букви, вклучувајќи ги и (č, š, ž). И покрај тоа што Словенија е релативно мала земја, има 46 дијалекти.

На интернет-страницата на Центарот за словенечки можете да најдете корисни информации за јазикот, наставни програми и курсеви.

Учењето и познавањето на словенечкиот јазик не е неопходно, освен ако не бара работата, меѓутоа, добро е да го познавате.

Транспорт

Словенија има 3 аеродроми (Љубљана, Марибор и Порторож). Аеродромот е поврзан со центарот на Љубљана со автобус кој оди од главната автобуска станица (околу 50 минути/4,10 евра). Исто така, може да земете и такси.

Земјата е приспособена за луѓето со автомобили, и поради тоа патиштата се добри.

Во Словенија постои еден практичен и прилично сигурен алтернативен транспорт – „Превоз“. Станува збор за делење автомобил за патување во и надвор од Словенија. Потребно е да се регистрирате. Цените се повеќе од прифатливи, во некои случаи двојно поевтини од јавниот превоз.

Кога станува збор за градски превоз, во многу случаи, особено во Љубљана, луѓето возат велосипеди.

Зелен туризам и симболите на Словенија

Словенија е мала европска земја со малку повеќе од 2 милиона жители. Таа има прекрасна природа: планини и ридови, езера и реки; огромно подрачје шума. Се проценува дека Словенија е покриена со 60 отсто шума, поради што и се нарекува Шумска држава. Словенечката престолнина – Љубљана стана европски зелен главен град во 2016 година, и поради тоа е на листата на најодржливите туристички дестинации во светот, освојувајќи ја „Наградата за дестинација“ во 2015 година.

На веб-страницата „I FEEL SLOVENIA“ можете да ги проверите сите атракции на оваа земја.

Словенечки јадења и пијалаци

Водата во Словенија главно е питка. Двете најпознати словенечки вина се „цвичек“ и „теран“. Типичната словенечка храна е: потица, прекмурска гибаница, јота, џганси, штрукљи, крањски колбас итн.

Ако сакате да дознаете повеќе за Словенија, посетете ја веб-страницата „The Slovenia“ и купете една од нивните неверојатни книги, мапи, подароци итн.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија