Како отворив фирма во Германија за 20 минути

Да ми кажеше некој пред една година дека следната година ќе отворам фирма во Германија немаше да верувам. Како прво, не гледам причина зошто. Тогаш планот беше едноставно да имам блог каде што ќе пишувам и ќе се трудам да помогнам некому. Фирмата е за сериозни луѓе, претприемачи…Не ми треба тоа.

По малку пребарување на интернет и разговор со потенцијални соработници, спонзори и партнери, брзо сфатив дека е многу тешко да се функционира во Германија ако не сум правно лице.

Ако како писател, автор, лице што објавува содржина на интернет, имате намера да влијаете на луѓето (се мисли на сите) или ако имате намера да заработите 1 евро од ова дело, мора да регистрирате правно лице и да објавите информации за тоа. Impressum, Datenschutzerklarung и сето тоа.

И така пред неколку дена, околу 8 часот наутро, се упатив кон Gemeinde  (општина). Без термин, да станам претприемач. Од документите носам само пасош, не знам уште што ќе ми треба, но ако ме вратат не е проблем.

8:16

Влегувам, на рецепција прашувам каде да одам.

2 кат десно. ДОБРО!

8:17

Одам во таа канцеларија. 2 дами внатре.

Повелете, како можам да помогнам?

Сакам да регистрирам компанија.

Добро, еве го вашиот формулар, пополнете го и вратете се овде.

Формуларот е 1 страница. Не еден лист, туку една страница.

Тоа е тоа? – Јас прашав.

Да тоа е тоа. – Рече.

8:18

Пополнувам формулар:

  1. Im Handels-, Genossenschafts… – името на вашата фирма и правната форма
  2. Ort und Nr. des Registereintrages – место и број на запис во регистарот (го оставив празно)
  3. Name – вашето презиме
  4. Vornamen – вашето име
  5. Geburtsname – моминско презиме
  6. Geburtsdatum – датум на раѓање
  7. Geburtsort und Land – место и земја на раѓање
  8. Staatsangehörigkeit – државјанство
  9. Anschrift der Wohnung, Telefonnummer, Faxnummer – адреса, телефон, факс…
  10. Zahl der geschäftsführenden…- број на директори без сопственици (0)
  11. Vertretungsberechtigte Person – имиња на законски застапници на фирмата (0)
  12. Betriebsstätte, Tel… – адреса на фирмата
  13. Hauptniederlassung, Tel… – главна канцеларија (нема)
  14. Frühere Betriebsstätte, Tel… – претходна адреса (нема)
  15. Angemeldete Tätigkeit – пријавена дејност ( напишете се со што сакате да се занимавате )
  16. Wird die Tätigkeit (vorerst) im Nebenbetrieb betrieben? – Дали дејноста (засега) се врши како споредна дејност?
  17. Datum des Beginns – датум на основање
  18. Art der angemeldeten Betriebes (Industrie, Handwerk, Handel, Sonstiges) – Вид на регистриран бизнис (индустрија, занаетчиство, трговија, друго) –
  19. Zahl der bei Geschäftsaufnahme tätigen Personen (ohne Inhaber) – број на вработени без основачот (0)
  20. Die Anmeldung wird erstattet für (Hauptniederlassung, Zweigniederallasung, eine unselbständige Zweigstelle…) – оваа апликација важи за (главна експозитура, подружница, независна подружница)
  21. Automatenaufstellungsgewerbe – некаква подружница со автомати
  22. Reisegewerbe – туристичка агенција
  23. Neueinrichtung/Übernahme (Neugründung, Wechsel der Rechtsform, Wiedereröffnung, Kauf…) – дали се работи за нова фирма или превземате веќе постоечка
  24. а
  25. Name des früheren Gewerbetreibenden oder frühere Firmenname – има на поранешниот сопственик на фирмата или претходното име на фирмата
  26. Ако ви треба лиценца за водење на фирмата, пополнете понатаму
  27. Liegt ein Erlaubnis vor? – имате ли дозвола (мене не ми требаше)
  28. Nur für Handwerksbetriebe – liegt eine Handwerkskarte vor? – само за Handwerk (занаетчии) Дали имате Handwerkskarte (занаетчиска карта)
  29. Liegt eine Aufenthaltsgenehmigung vor? – дали имате дозвола за престој и работа во Германија
  30. Enthält die Aufenthalt eine Auflage oder Beschränkung – дали вашата дозвола има некакви ограничувања
  31. Датум
  32. Unterschrift – потпис

8:25

Со пополнетиот формулар се враќам назад. Госпоѓата проверува, внесува информации во компјутерот, го гледа пасошот, ми поставува едно – две прашања и ми ја дава сметката да платам 20 евра на каса. Касата е на приземје.

8:32

Плаќам на каса и се враќам горе.

8:36

Платено? Ок, еве ти ја потврдата (истата хартија ја пополнив, само што ја напишав). Ако имате прашања јавете ми се.

Тоа е тоа ?

ДА

Тоа е се? Сега имам фирма Steuer број, може ли сега да издавам фактури и сето тоа?

Да!

И така за 20 минути станав Selbstständig.

Се разбира, ова е микро занает, покрај нормалната работа без вработени. Верувам дека регистрирањето GmbH или AG е малку покомплицирано, но сепак бев изненаден од брзината и едноставноста.

Неодамна разговарав со некого за отворање фирма во Македонија – сосема поинаков свет.

Дали имате слично искуство? Дали планирате да отворите фирма во Германија?

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија