Лоши страни на добивањето германски пасош !

Многумина се радуваат дека ќе добијат германски пасоши и сакаат што побрзо да го направат тоа. Но тоа што не знаете е дека по германските закони фактички децата не ви припаѓаат вас, туку се само со вас, а и припаѓаат на државата и таа ги надгледува нивните права и односите према вас.

Значи, во најлош случај што може да се случи, е ако го тепате детето и детето каже во градинка или на школо или биде откриено од воспитувачките или учителките, можно е државата да ви ги земе децата.

Покрај тоа, треба да знаете дека со германскиот пасош станувате даночни обрзници во Германија за било која заработка и било кој имот што го имате било каде во светот.

Значи ако имате некоја заработка од Македонија или имате имот во Македонија, вие со тоа станувате даночни обврзници и треба да плаќате данок за тоа доколку земете германски пасош односно државјанство.

Затоа добро размислете дали сакате да земете германски пасош и бидете свесни за сите последици кои за вас тоа ги носи.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија