Што доколку ви кратат саати на работното место ?

Доколку сте на работа и шефот одлучува дека во моментот нема доволно работа и ве испраќа дома – НЕ, тоа не е законски. Вие имате право да останете на работа до крајот на вашето работно време како што стои на планот за работа. Тие немаат право да ви ги кратат вашите работни саати.

Многу битно е да знаете дека доколку имате склучено договор на 169 работни саати месечно, вие мора да ги добиете тие саати.

Друга работа што многумина не ја знаат е тоа дека на пример вие утре сте слободни и во последен момент ви се јавуваат дека треба да одите на работа, вие го имате секое право, без последици да кажете дека не можете да појдете и слободно да ги одбиете.

Секој план што се променува за во следните 4 дена мора да биде со ваша потврда и имате право да не го прифаќате.

Постојат многу вакви „ситни закони“ кои ние како странци не ги знаеме. Ние од Емигрико се трудиме да помогнеме колку можеме повеќе. Доколку имате прашања можете да не контактирате на нашиот емаил: [email protected]

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија