Првиот Македонец избран во Комисијата за Учество и Интеграција на Штеглиц-Зелендорф во Берлин (2022-2026) е Роберт Кленковски.
Со изборот на новиот Совет на општината Штеглиц-Зелендорф во Берлин, тој е дел од новоформирана Комисијата за Учество и Интеграција на Окружното Собрание Штеглиц-Зелендорф.
Покрај окружните пратеници, во комисијата членуваат и шест советници на граѓаните. Тие треба да ја одразуваат различноста на луѓето со миграциско потекло во заедницата.
Роберт Кленкоски е првиот Македонец што е избран во Комисијата за Учество и Интеграција на Окружното Собрание Штеглиц-Зелендорф во Берлин.
Во следните четири години г. Кленкоски ќе има право на глас во работата на Комисијата за Учество и Интеграција.
,,Централниот совет на Македонците им го честита изборот на сите членови и им посакува успешна и конструктивна соработка”, се вели во известувањето на асоцијацијата на Македонците во Германија.