Миграција во САД заради вработување

Ако не сте државјанин или лице со законски престој во САД, потребно е да аплицирате за Документ за овластување за вработување (EAD) за да докажете дека смеете да работите во САД.  Сервисот на САД за државјанство и имиграција (USCIS) го издава овој документ (EAD) во следниве категории:
• EAD: Овој документ докажува дека Ви е дозволено да работите во САД.
• Обновен EAD: Не можете да поднесете барање за обнова ако има повеќе од 120 дена пред истекот на важноста на Вашиот оригинален документ.
• Замена на EAD: Овој документ го заменува изгубениот, украдениот или оштетениот EAD.

Потребни услови
Посебни категории кои имаат потреба од EAD вклучуваат, меѓу другите: баратели на азил, бегалци, студенти  кои  бараат  посебен  вид  на  вработување,  апликанти  за  да  се  прилагодат на  статусот  на постојан престој, лица кои се во процес или аплицираат за добивање на постојан престој, свршеници на американски државјани и деца на странски владини службеници кои зависат од нив.

EAD не е потребен ако сте:
– американски државјанин;
– лице со законски постојан престој или лице со условен постојан престој. Вашата Регистарска картичка за странци докажува дека можете да работите во САД;
– овластен да работите за посебен работодавач, како на пример за странска влада. Вашиот пасош и формуларот I794 (Запис за пристигнување – заминување) докажуваат дека можете да работите во САД.

Како да аплицирате?
Може  да  бидете  подобен  да  го  пополните  формуларот  I7765  по  електронски  пат. Формуларот можете да го најдете на следниот линк.

1. Имигрантски визи врз основа на вработување  
Повелбата  за  имиграција  и  националност  дава  годишен минимум  од  140,000  имиграциони  визи засновани на вработување, кои се поделени во пет категории. За нив е можно да е потребна трудова сертификација од страна на Одделот на САД за труд (DOL), и пополнување на петиција од страна на USCIS во Одделот за национална безбедност.

Прва категорија на визи врз основа на вработување (E1)
Приоритетните  работници  добиваат  28.6%  од  годишниот целокупен  светски  лимит. Сите приоритетни работници е потребно да се корисници на одобрениот  формулар  I7140,  Имигрантска петиција  за  странски  работници,  пополнета  од  страна на  USCIS.  Во  рамките  на  оваа  категорија постојат три подгрупи:
• Лица  со  посебни  способности  во  наука,  уметност,  образование,  бизнис  или  спорт. Апликантите  во  оваа  категорија  потребно  е  да  имаат опширна  документација  која  ќе  ги покаже  нивните  постојани  национални  или  меѓународни  признанија  од  полето  на  нивната експертиза. За ваквите апликанти не е потребно да имаат посебна работна понуда сè додека тие влегуваат во САД да продолжат да работат на полето од кое ги имаат своите посебни способности. Ваквите апликанти може да поднесат своја сопствена петиција кај USCIS, а не преку работодавач;
• Истакнати  професори  и  истажувачи  со  најмалку  тригодишно  искуство  во  предавање  или истражување, кои се меѓународно признаени. Не им е потребна трудова сертификација, но потенцијалниот  работодавач  мора  да  обезбеди  работна понуда  и  да  пополни  петиција  кај USCIS;  и
• Одредени  директори  и  менаџери  кои  биле  вработени  најмалку  една  од  претходните  три години  во  странска  филијала,  компанија  –  ќерка  или подружница  на  компанија  од  САД. Апликантите мора да доаѓаат да работат со менаџерски или директорски капацитет. Не им е потребна трудова сертификација за оваа категорија, но потенцијалниот работодавач мора да обезбеди арботна понуда и да пополни петиција кај USCIS.

Втора категорија на визи врз основа на вработување (E2)
Професионалците кои имаат висока научна титула, или лицата со посебни способности во уметност, наука или бизнис добиваат 28.6% од годишниот целокупен светски лимит, плус сите неискористени визи од првата категорија врз основа на вработување. Сите апликанти за виза од втора категорија врз основа на вработување е потребно да имаат трудов сертификат одобрен од страна на DOL, или  План  А  назначување  или  да  покажат  дека  се  квалификуваат  за  една  од  професиите  за  кои  има недостиг  на  работна  сила  во  Пилот  програмата  за  информации  за  пазарот  на  труд. Потребна е работна понуда и работодавачот од САД мора да пополни петиција во име на апликантот.  Странците  може  да  аплицираат  за  изземање  од потребата  за  работна  понуда  или  од трудовата  сертификација  ако  таквото  изземање  е  од  национален  интерес,  и  во  таков  случај странците  е  потребно  да  пополнат  петиција,  формулар  I7140,  заедно  со  доказот  за  таквиот национален интерес. Постојат две подгрупи во рамките на оваа категорија:
• Професионалци  кои  имаат  висока  научна  титула  (повисока  од  титула  на  дипломиран студент), или диплома за завршени студии и најмалку петгодишно непрекинато искуство во професијата;   и
• Лица со посебни способности во уметност, наука или бизнис. Посебноста значи дека имаат степен  на  експертиза  значително  повисок  од  вообичаениот  степен  во  рамките  на  нивното поле на експертиза.

Трета категорија на визи врз основа на вработување (E3)
Квалификуваните  работници,  дипломираните  професионалците  и  останатите  работници  добиваат 28.6% од годишниот целокупен светски лимит плус сите неискористени визи од првата и втората категорија врз основа на вработување. За сите апликанти од оваа категорија потребна е одобрена I7140  петиција  поднесена  од  страна  на  потенцијалниот  работодавач.  За  сите  вакви  работници потребна е трудова сертификација или План А назначување, или доказ дека се квалификуваат во една од категориите за кои има недостиг според Пилот програмата за информации за пазарот на труд. Постојат три подгрупи во рамките на оваа категорија:
• Квалификувани  работници  се  лица  кои  се  способни  да извршуваат  работа  за  која  има потреба од најмалку две години обука или искуство;
• Дипломирани  професионалци  селица  кои  се  членови  на професија  со  најмалку универзитетско дипломско образование;   и
• Други  работници  се  лица  кои  се  способни  да  пополнат  позиција  за  која  има  потреба  од помалку од две години обука или искуство.

Четврта категорија на визи врз основа на вработување (E4)
Посебните имигранти добиваат 7.1% од годишниот целокупен светски лимит. Сите овие апликанти мора да се корисници на одобрена I7360, Петиција за посебни имигранти, освен за прекуокенаските работници  на  владата  на  САД  кои  е  потребно  да  го  користат  формуларот  DS71884.  Одредени сопружници  или  деца  може  да  ги  придружуваат  или  да дојдат  после  носителите  на  правото  на посебен имигрант. Различните видови на посебни имигранти дадени според имиграциониот закон се наведени подолу:
•Лице кое врши пренос (емитирање) во САД, вработен од страна на Меѓународното Биро за пренос на радиодифузниот одбор на Гувернери или стипендист на таква организација;
• Свештеници од различни религии;
• Одредени вработени или бивши вработени на владата на САД во странство;
• Вработени во Мисијата во Хонг Конг;
• Одредени бивши вработени на Компанијата Панамски канал или на владата на каналската зона;
• Одредени бивши вработени на владата на САД во зоната на Панамскиот канал;
• Одредени бивши вработени на Компанијата Панамски канал или на владата на каналската зона на 1 Април 1979 година;
• Толкувачи  или  преведувачи  од  авганистанска  или ирачка  националност  кои  работеле директно  со  вооружените  сили  на  САД  или  под  закрилата  на  Шефот  на  мисијата  како толкувачи или преведувачи за период од најмалку 12 месеци и кои ги исполнуваат условите. Оваа класификација има годишно бројно ограничување од 500 визи во FY 08;
• Одредени странски дипломци на медицина (само после проценка);
• Одредени пензионирани вработени на меѓународни организации;
• Одредени сопружници на покојни вработени на меѓународни организации;
• Штитеник на малолетнички затвор;
• Странци  регрутирани  надвор  од  САД  кои  служеле  или  имаат  намера  да  служат  во вооружените сили на САД;
• Одредени NATO76 цивили;
• Одредени преживеани сопружници на починати вработени на NATO76 цивили;
• Странци корисници на петиција или на апликација за трудова сертификација пополнета пред 11  Септември  2001  година,  ако  петицијата  или  апликацијата  била  направена  неважечка заради терористичкиот напад на 11 Септември 2001 година;
• Одредени религиозни работници.

Петта категорија на визи врз основа на вработување (E5)
Инвеститорите кои создаваат вработување добиваат 7.1% од годишниот целокупен светски лимит. Сите апликанти е потребно да го пополнат формуларот I7526, Петиција за имигрирање на странски претприемач со USCIS. За да се квалификува, странецот е потребно да инвестира помеѓу $500,000 и $1,000,000, во зависност од стапката на невработеност во географското подрачје, во комерцијално претрпијатие  во  САД  кое  ќе  создаде  најмалку  10  нови  работни  места  за  редовно  вработување  за државјани на САД, странци со постојан престој или останати законски имиграмти, не вклучувајќи го тука инвеститорот или неговото семејство.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија