Можност за неформално учење и патување за млади лица

За сите млади лица кои имаат желба да патуваат, да научат нешто ново, да запознаат многу нови луѓе од различни делови на Европа, а притоа да се забавуваат, проектите кои ги организира невладината организација Association Evolution се одлична прилика за вакво нешто. Оваа организација чие седиште се наоѓа во Романија, постои од 2010 година и е под покровителство на Erasmus+ програмата.

Erasmus+: Youth in Action е програма која финансира проекти почнувајќи од 2014 година, па сè до 2020 година. Оваа програма е дел од планот на Европската комисија за поголемо вреднување на неформалното учење и преточување на ваквото знаење во пракса.

Association Evolution е една од невладините организации која е финансирана од Erasmus+, а спроведува проекти и семинари за млади лица од цела Европа, со цел да ги спои различностите и да ги сруши бариерите и стереотипите. Преку неформално учење, интеракција и забава, избраните учесници имаат можност да спознаат други култури, јазици, да дебатираат на различни теми кои сите нас нè засегаат и да разменат идеи и идејни решенија за заедничките проблеми. Притоа, сите трошоци за патување, сместување и храна, ги покрива самата организација.

Последниот проект кој оваа организација го спроведе, се одржа во Романија во мај 2017 година, каде на едно место беа сплотени по шест учесници од државата домаќин, Босна и Херцеговина, Македонија, Турција, Шпанија и Германија. После девет дена поминати во одлично дружење, разменување мислења и искуства, тимска работа, како и претставување на својата земја преку организирање национални вечери со традиционална храна и музика, сите учесници се стекнаа со т.н. Youthpass сертификат. Овој сертификат подоцна е важен ден од сечие CV како доказ за учество во проект финансиран од ЕУ.

За да се информирате за сите понатамошни проекти кои ќе ги спроведува Association Evolution, посетете го нивниот блог и фејсбук страна.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија