На Британија итно и требаат касапи, визи се обезбедуваат за шест месеци

Обединетото Кралство ќе понуди 800 визи за шест месеци поради недостаток на работна сила и прекини во синџирите на снабдување на касапи, изјави министерот за животна средина на Обединетото Кралство, Џорџ Јустис, пренесе Seebiz.eu.

Земјоделците ширум земјата објаснуваат дека Брегзит и пандемијата на вирусот Ковид-19 предизвикаа вистински егзодус на работници од Источна Европа кои работеа во кланици и фабрики за преработка на месо, што влијаеше на акумулацијата на добиток.

„Ќе им овозможиме на работниците од кланиците и фабриките за преработка на месо да доаѓаат шест месеци како дел од програмата за сезонски работници“, објасни Јустис.

„Ова ќе ни помогне да го решиме проблемот со премногу свињи на фармите и ќе им овозможи на производителите на месо да го обноват својот работен процес“, додаде министерот.

Според него, ќе бидат потребни околу 800 касапи. Тој, исто така, го изрази своето мислење дека индустријата за производство на свињи и прехранбената индустрија воопшто, загубија голем број работници поради пандемијата „Ковид-19“, а не Брегзит.

„Можеа да останат, но повеќето од нив сакаа да бидат со своите семејства во тешкиот период на пандемијата, па ја напуштија Британија“, рече Јустис.

Тој, исто така, најави дека ќе се олабават правилата за превоз на возачите од ЕУ и дека ќе можат да патуваат во Британија колку што сакаат во текот на двонеделниот период.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.

Македонци во Германија

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико