Оглас за вработување во ЕSU

Европската студентска унија е организација составена од 47 национални студентски унии од 39 земји и е претставник на повеќе од 11 милиони студенти ширум светот.

Во моментов ESU има потреба од комуникациски менаџер кој ќе работи во нивната канцеларија во Брисел, Белгија. Тој ќе има задача да ја координира надворешната и внатрешната комуникација, да го ажурира профилот на ESU и да придонесе за понатамошниот развој на организацијата.

Месечната плата за оваа позиција изнесува 2700 евра, а работно време е 37.5 часа неделно.

Рокот на пријавување е 25 март.

Повеќе информации за начинот на аплицирање прочитајте тука.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија