Нема шега. Македонците во Швајцарија уште еднаш покажуваат колку си ја сакаат државата.
Какво чувство на патриотизам е тоа?
Зарем е можно, се прашуваат многумина. Да, можно и реално е. И се случува!
Додека во Македонија предметот македонски јазик се преименува во мајчин јазик и тоа во време на досега невидени негирања и напади од страна на соседните земји, Македонците во Швајцарија организираат средба со цел организирање настава на македонски јазик за младите македонци!
Средбата ја организира унијата на македонски училишта во Швајцарија, а ќе се одржи на 25 септември 2022 година, со цел пронаоѓање на наставници и други ресурси за проширување на бројот на паралелки кои учат на македонски јазик.
Меѓу целите на средбата е и да се лоцираат младите Македонци, односно да се пронајдат повеќе деца кои ќе имаат настава на мајчин јазик во Швајцарија.
Повеќе информации во продолжение на ЛИНКОТ: