Повеќе пари, легална трева, гумите M+S забранети од 01.01. Што се сменува во 2024 ?

Влегуваме во 2024 година со низа значајни промени кои ќе го обликуваат секојдневието и општеството во Германија. Од даночните реформи до новите закони, дознајте како овие промени ќе влијаат на животот на граѓаните и ќе ја обликуваат иднината на Германија.

Bürgergeld-Реформа: Повеќе пари за самци и семејства

Планираната Бургергелд-реформа предвидува дека од 2024 година стапките на инфлацијата ќе се прилагодат побрзо отколку во минатото. Тоа значи дека од почетокот на 2024 година самците ќе добиваат 563 евра месечно наместо досегашните 502 евра. Младите од 15 до 18 години наместо 420 евра месечно во иднина ќе добиваат 471 евро. На децата од седум до четиринаесет години наместо досегашните 348 евра сега ќе им се плаќа 390 евра Бургергелд, додека за деца до крајот на шестата година износот наместо 318 евра ќе биде 357 евра.

Овие зголемени износи се очекува подобро да се приспособат на реалните трошоци на живот, одржувајќи го чекорот со растечката инфлација.

Канабис: Легализација и самостално одгледување од 2024 година

Од 1 јануари 2024 година ќе биде легално да се консумира канабис. Предлог-законот, кој се уште не е усвоен, предвидува дека секое возрасно лице ќе може да поседува и носи до 25 грама канабис. Покрај тоа, секој возрасен во домаќинството ќе може да одгледува до три растенија канабис за сопствена потрошувачка. Ќе биде дозволено и т.н Anbauvereinigungen, односно заедничко одгледување на канабис.

Овие мерки означуваат прогресивна промена во законодавството што го поттикнува легалното консумирање канабис и им обезбедува на граѓаните поголема слобода.

Кочници на цените на енергијата

Домаќинствата и фирмите од почетокот на 2023 година добиваат попусти на струја и гас. Тие попусти требаше да завршат на крајот на годината, но федералниот парламент одобри продолжување на сопирачките на цените на енергијата до 31 март 2024 година.

Кочниците на цените на гасот и струјата беа воведени во март 2023 година, ретроактивно за целата 2023 година, поради енергетската криза предизвикана од војната во Украина. Приватните домаќинства и малите бизниси плаќаат само дванаесет центи бруто по kWh за 80 отсто од потрошувачката во споредба со претходната година.

За електрична енергија, за годишна потрошувачка до 30.000 kWh, воведена е граница од 40 центи за киловат час за 80 отсто од потрошувачката на електрична енергија.

Доселување на експерти во Германија

Во Германија, особено во градежниот сектор, недостигаат специјалисти: затоа првите мерки од Законот за имиграција на специјалисти стапија на сила во ноември 2023 година. Оттогаш, професионалците со високо образование можат полесно да емигрираат од трети земји во Германија преку сината карта на ЕУ. Нови промени ќе следат во следната година:

Од март 2024 година: Лицата кои учествуваат во квалификациските програми во Германија ќе добијат подолгорочна дозвола за престој. Исто така, пристапот за лица од трети земји кои бараат место за обука ќе стане полесен: старосната граница за потенцијалните кандидати се зголемува од 25 на 35 години, а се намалуваат барањата за познавање на германски јазик. Понатаму, се воведува нова можност за краткорочно вработување на лица од трети земји, без разлика на нивната квалификација, објаснуваат од германската влада.

Од јуни 2024 година: Луѓето од трети земји сега можат да добијат „Chancenkarte“ (карта за можности). Тоа им овозможува да останат во Германија, што може да се искористи за барање работа. Картата се заснова на бодовен систем. Исто така, од јуни 2024 година се отстранува временскиот рок за пристапот на Западен Балкан. Граѓаните на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија со тоа добиваат пристап до пазарот на труд за одредени занимања.

Електрични возила и електричари: Вести во 2024 година

Ако размислувате да набавите електричен автомобил, можете да имате корист од владината поддршка. Сепак, важно е да се напомене дека еколошкиот бонус за приватните купувачи ќе се намали од почетокот на 2024 година и ќе се спушти на 3.000 евра. Исто така, веќе нема да се субвенционираат електрични возила со нето цена од 45.000 евра. За деловните субјекти, еколошкиот бонус е веќе укинат од септември минатата година.

Промени доживуваат и електричарите. Се зголемува минималната плата во електроиндустријата – од 1 јануари 2023 година на 13,95 евра (во моментов 13,40 евра). Минималната плата во оваа индустрија е регулирана со моментално важечкиот „национален колективен договор за минимална плата во електроиндустријата“.

Чистење на згради

Колективниот договор за минимална плата во секторот за чистење згради предвидува зголемување од 1 јануари 2024 година. Минималната плата во првата група ќе се зголеми за 13,50 евра (моментално 13,00 евра), додека во шестата платена група ќе биде 16,70 евра (наместо 16,20).

Здравствено осигурување

За 2024 година е утврдена просечна стапка на дополнителен надомест од 1,7 отсто. Во 2023 година таа изнесуваше 1,6 отсто.

Полначи

Помалку неред со кабли: од есента 2024 година, електричните уреди како паметни телефони, слушалки или таблети мора да се полнат со истиот кабел. Единствениот стандард за полнење во Европската унија тогаш ќе биде USB-C. Советот на држави на ЕУ очекува помалку електронски отпад и поголема транспарентност со оваа постапка.

Данок на додадена вредност

За финансиска поддршка на кафулињата, рестораните за брза храна и рестораните за време на пандемијата COVID-19, федералната влада привремено ја намали стапката на данокот на додадена вредност (ДДВ) за оброците што се консумираат на лице место на седум проценти. Од 2024 година повторно ќе се применува стапката на ДДВ од 19 проценти. Коалицијата се согласила на ова, како што јави германската новинска агенција Дојче Пресе-Агентур.

Татковско отсуство

Германската влада планира да воведе платено татковско отсуство во 2024 година. Тогаш татковците ќе можат да земаат две недели платено отсуство без да мора да користат годишен одмор или родителско отсуство како досега. За мајките, ова не е прашање: веќе постојат законски одредби за заштита на мајчинството кои им дозволуваат да земат платено отсуство по породувањето во одреден период. Сепак, платеното татковско отсуство се уште не е прецизирано. Станува збор за законски предлог кој се уште не е спроведен.

А сега промените поврзани со возачите

1. Задолжителна „Црна кутија“ за новите возила

Од 7 јули 2024 година, „Црната кутија“ станува стандардна опрема на секој нов патнички автомобил. Овој „Unfalldatenschreiber“ континуирано снима информации за брзината, сопирањето или активирањето на воздушните перничиња. Ако системот не сними никаков инцидент, овие податоци редовно се бришат.

Во случај на несреќа, информациите за возењето околу времето на судирот се зачувуваат, што ја олеснува реконструкцијата на несреќата. Читањето на податоците обично се врши само со согласност на возачот, освен ако не е наложено од суд, на пример, во случај на повредени или починати во несреќа. Податоците за несреќата се чуваат локално во возилото во затворен и анонимизиран систем.

Оваа иновација веќе важи од јули минатата година за целосно нови модели на возила.

2. Нови возила само со предупредување за брзина

Исто така, според прописите на ЕУ, сите нови возила мора да бидат опремени со интелигентен систем за помош за предупредување за брзина од 7 јули 2024 година. Овој асистент му ги прикажува тековните ограничувања на брзината на возачот и ги предупредува возачите за надминување на дозволената брзина преку звучни или визуелни сигнали.

Важно е да се напомене дека возачот секогаш ја задржува контролата врз системот за асистенција и може да го отфрли во секое време или целосно да го исклучи при секое палење на моторот.

Исто така, асистентот ги препознава моменталните ограничувања на брзината со препознавање на сообраќајните знаци и/или податоците од картата.

3. Дополнителни задолжителни асистенти

Од следното лето, новите возила мора да имаат и дополнителни задолжителни асистенти: автоматски систем за итно сопирање, автоматско светло за итно сопирање, предупредување за замор, помош во рикверц и систем за активно задржување лента.

4. Интерфејс со апарат за дишење

Почитувањето на законската граница на промили алкохол наскоро може да го провери самото возило! Дополнителна обврска од идното лето вклучува приклучок на алкотест во возилото. Ова овозможува последователна инсталација на т.н “Alcolocks”.

Возачот мора да дувне во уредот пред да вози, а доколку се открие прекумерна количина на алкохол, возилото одбива да тргне. Таквите уреди се, на пример, корисни за возила во системот за споделување на автомобили. Во некои земји тие се користат и кога сопственикот на автомобилот веќе има прекршок за возење под дејство на алкохол.

Гумите M+S веќе не се дозволени

Внимавајте кога менувате гуми следната есен! Од октомври 2024 година, на патиштата во зимски услови се дозволени само зимски и сите сезонски гуми со ознака „Алпски симбол“. Оваа ознака на планина и снегулка ја означува гумата како погодна за зимски услови.

Гумите означени само со ознаката M+S (кал и снег) не се произведуваат од 2018 година, но од идниот октомври несмеат ни да се возат.

Актуелните гуми често ја носат и ознаката Alpine-Symbol, заедно со ознаката M+S. Овие двојно означени гуми сè уште се дозволени. Сепак, возачите кои имаат само ознака M+S треба навремено да добијат нов комплет гуми.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија