На располагање на Територијалната противпожарна единица Тетово од денес е нова опрема која е донација од гостиварски иселеник во Швајцарија.
Станува збор за скали со елеватор кои ќе може да се користат при гаснење пожари на висококатници.
Донаторот е Блерим Селмани од гостиварското село Ѓурѓевиште кој живее и работи во Швајцарија.
-Во просториите на Територијалната противпожарна единица Тетово денеска примивме уште една нова донација , која значително ќе ги подобри условите на ТППЕ.
Се заблагодарив на донаторот, Блерим Селмани и на командантот Ука Алити, кои со покажаната конструктивност, за потребите на ТППЕ Тетово , обезбедија донација од два пара скали со ескалатор со висина од 21м, кои ќе се употребаат во гаснење пожари во повеќекатниците.
Ова значително ќе го олесни пристапот, но и ќе ја зголеми успешноста и брзината во акциите кога се гаси пожар во високи згради, порача градоналалникот Биљал Касами.
Компанијата „Алберти“ од Струга што ја донела оваа опрема во Тетово, а компанијата „Була Транс“ била ангажирана за истоварување со специјална механизација.
Скалите се во употреба и од денеска се сопственост на општина Тетово.