Потпишано: На здравје ковид пасош! Од 1-ви јули ќе (ви) треба за влегување во ЕУ!?

Шефовите на трите водечки институции на Европската Унија, денес со конечното потпишување на финалната регулатива, го официјализираа користењето на ковид пасошот, што овозможува слободно движење во рамките на унијата за време на пандемијата. 

На церемонијата на потпишување присуствуваа претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, Советот на Европската унија Антонио Коста и Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

ЕУ дигиталниот ковид сертификат е симбол на тоа за што се залага Европа. Европа што не се предава кога ќе биде ставена на тест за издржливост. Европа што се обединува кога се соочува со предизвици. Нашата унија уште еднаш покажа дека работиме најдобро кога работиме заедно, рече Коста, премиерот на Португалија, земја-членка која моментално е претседавач на ЕУ.

Тој додаде дека регулативата за дигиталниот сертификат е договорена за рекордно време од 62 дена.

Можеме да бидеме горди на ова големо достигнување. Европа што сите ја знаеме и ја сакаме назад е Европа без бариери. Сертификатот на ЕУ ќе им овозможи на граѓаните да уживаат во најопипливото и најмилото право во ЕУ – правото на слободно движење, посочи Коста.

Целта на дигиталниот документ е да го олесни безбедното и слободното движење во рамките на ЕУ за време на пандемијата со ковид-19. Сите Европејани имаат право на слободно движење, но сертификатот ќе го олесни движењето со ослободување на имателите на овој документ од ограничувањата како што е карантин.

Сертификатот ( потврдата ) ќе биде достапен во дигитална и хартиена форма и ќе се издава на сите официјални јазици на ЕУ. Тоа ќе обезбеди информациите за корисникот како што се прележан ковид, вакцинација или тестирање на коронавирус.

Сертификатот нема да се наплаќа.

Регулативата стапува на сила на 1 јули 2021 година и останува на сила 12 месеци.

Обраќајќи се на прес по церемонијата на потпишување, претседателката на Европската комисија рече дека граѓаните можат да се радуваат на летото по успешната кампања за вакцинација и воведувањето на на ковид сертификатот.

За повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.

Македонци во Германија

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија