Преку волонтирање до вработување во странство

www.workaway.info е веб сајт на кој можете да најдете луѓе од целиот свет кои бараат волонтери. Чување стари лица, фарбање фасади, работа во живинарски фарми, садење земјоделски култури, чување мали деца, готвење, грижа околу домашните миленичиња – овде можете да најдете секаква работа. WorkAway е безбеден сајт преку кој многу млади луѓе патуваат низ светот.

За многумина, овој веб сајт е одлична можност да искусат нешто ново, да посетат нова земја и да запознаат нова култура. За Македонците, ова повеќе претставува можност да најдат работа во некоја европска држава со македонски пасош.

Откако ќе се логирате на сајтот, најпрво бирате континент, а потоа и држава. Доколку на пример ја одберете Шведска, ќе добиете листа со огласи каде се бараат волонтери за најразлични работи. Во склоп на огласите ќе прочитате нешто повеќе за семејството, ќе видите слики од тоа каде живеат, каде би престојувале и што би работеле. Под секој оглас има и препораки со напишани искуства од луѓе кои веќе работеле за семејството. Еден од огласите е следниот: Кристофер и Ли заедно со нивното куче живеат на фарма за свињи. Тие бараат волонтери за периодот од март до декември кои би им помогнале во работа на фармата, готвење, пазарување, помош околу градинарството и слично. Бидејќи е на доброволна основа, не мора да останете до крајот на годината, туку можете да си заминете кога сакате.

121345

Важно: Членството на овој сајт чини околу 20 евра. Конкуренцијата е многу голема, па треба навистина да се покажете за да Ве одберат. Секое семејство бира волонтери во кои има доволно голема доверба за да ги прими во својот дом. Трошоците за да отидете се на Ваша сметка, а од семејството добивате сместување и храна.

А како Македонците наоѓаат работа преку волонтирањето?
За да се вработите во некоја земја од ЕУ со македонски пасош, на пример Шведска, треба работодавецот да гарантира за Вас. Ако имате ЕУ пасош, со работа можете да почнете веднаш, но со македонски пасош постапката е малку покомплицирана.
Оние кои нашле работа со македонски пасош се најчесто луѓе кои имале некои познаници во Шведска, па по препорака нашле работодавец кој ќе гарантира за нив. Кога веќе сте таму, многу е полесно да најдете работа. Ако добро се покажете, семејството каде работите може да Ви помогне и да Ви најде работодавец кој ќе Ве вработи и ќе гарантира за Вас.

Гаранција дека во меѓувреме ќе најдете работа – нема. Но, ако ништо друго, ова е одлична можност да посетите некоја нова земја и притоа единствен трошок да Ви биде повратната карта.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија