„Старбакс“ ќе ги плаќа депозитите за кирија на своите вработени

Откако летово „Старбакс“ најави дека ќе им помогне на своите вработени во плаќање на студиите, еве уште една вест за сите они кои работат за најпознатиот синџир на кафулиња. „Старбакс“ се согласи да им помогне на вработените во Велика Британија да ги платат депозитите за нивните кирии.

Компанијата која има над 22.000 кафулиња низ светот, ја избра Велика Британија како прво место каде ќе го спроведе ова, поради високите кирии во оваа држава. Оваа можност ќе ја добијат околу 7.000 вработени, кои биле дел од „Старбакс“ повеќе од една година.

Како дел од договорот, „Старбакс“ ќе обезбеди бескаматен кредит за плаќање на депозитот, а потоа истиот вработените ќе имаат рок да го вратат во рок од 12 месеци.

„Ние знаеме дека трошоците за изнајмување се клучен проблем за многумина, со оглед на тоа дека просечниот депозит во Англија сега изнесува 1226 фунти“, изјави Крис Енгсков, кој е претседател на Старбакс за Европа, Африка и Блискиот исток.

Бетси Дилнер, кој беше иницијатор на оваа идеја, изјави: „Во приватните бизниси некогаш е тешко да најдете работници, токму поради тоа што кириите се премногу високи, па не секој може да си дозволи стан поблиску до работното место. Но, не можеме да се потпираме само на добрата волја на работодавачите. Затоа се надеваме дека Владата ќе излезе во пресрет и ќе ја зголеми понудата на домови со пониски цени.“

„Старбакс“ исто така најави и зголемување на платите во Велика Британија од следната година, кога надоместот за еден час ќе биде во висина од 7,20 фунти. Ова нема да важи само за оние кои се на возраст до 25 години, како што првично Владата најави, туку ќе важи за сите.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија