Фика – ритуал во Шведска поради кој луѓето се посреќни

Швеѓаните се наоѓаат меѓу најсреќните нации во светот, а меѓу другото, за тоа може да ѝ се заблагодарат на „малата сабота“ и нивното ресетирање среде недела.

Швеѓаните се необични луѓе. Внимателни се, но особено ја ценат паузата за кафе, скромни се, но нивното знаме го има насекаде и на прв поглед може да ви се чинат студени како климата што ги опкружува, но кога ќе ги запознаете, топли се како сауна. Швеѓаните не уживаат во малите разговори и празните зборови што им се потребни на многумина за да не се појави непријатната тишина.

Кога немаат зборови, Швеѓаните молчат, а ретки се оние што ги поздравуваат соседите кога се разминуваат. Понекогаш не ги поздравуваат ниту келнерите, ни вработените во продавниците. Особено на постарите генерации разговорот за времето со непознати луѓе им се чини како бесмислена, залудна активност. Од имигрантите, студентите на размена или туристите можеби ќе слушнете поздрав, но од вистинските Швеѓани ретко. Но, баш кога ќе помислите дека навистина се студени и дистанцирани, ќе ве изненадат со топла прегратка наместо поздрав.


Фикарете попладне

Најдобрата работа кај фика е што нема правила. Може да бидете сами или со пријателите, дома или во кафуле, во воз, на работа, каде било. Но, да му се објасни на некој што не е од Шведска што е фика, не е најлесната работа на светот. Станува збор за пауза за кафе, но тоа е многу повеќе од кафе. Тука се и колачињата со цимет, чоколадните топчиња во кокос и благо со марципан или друг колач по желба. Фика има многу подлабоко значење од обична пауза за кафе и благо.

2
Фото: Pixabay

Станува збор за ритуал во нивната традиција, а Швеѓаните го објаснуваат како време за опуштање, зближување со пријателите, подобро запознавање или одмор од дневните обврски. Фика е и ресетирање од напорниот ден, навика што нè тера да застанеме, да седнеме, да се освестиме за момент и под влијание на шеќерот да тргнеме во нова работна победа. Новите времиња и трендови на здрава исхрана предизвикуваат благото да се замени со солени грицки, па така можете да порачате тост со авокадо наместо чоколадни топчиња. Дека фика носи вистинска среќа, потврдува и фактот што Швеѓаните се наоѓаат меѓу 10 најсреќни и најпријателски земји.

Мала сабота

Малата сабота не е резервирана само за Швеѓаните; Норвежаните, Данците, Финците и Бугарите исто така ја практикуваат оваа навика. Во Шведска се нарекува „lillördag“ или мала сабота, денот кога слугинките имале слободен ден бидејќи во сабота работеле, а денес, времето за одмор е заменето со ден за пиење и тоа се случува во среда. Не со толкав интензитет како во текот на викендот, но сепак доволно за да ја разбие монотонијата на неделата. Кај умерените Швеѓани тоа значи опуштање и дружење со пријателите во кафулињата и пиење понекоја чаша вино или пиво.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска