Швајцарија

Швајцарија која е позната и како Хелветска конфедерација претставува еден од најдобрите примери за развојот на федeралните односи на територијата на Европа. Швајцарија во 1291 година била поделена на три подрачја: Швиц, Ури  и Унтервалд. Овие кантони биле формално дел од Германското царство уште од 1339 година, по Битката кај Лаупен. Договорот кој бил постигнат е познат како Bundesbrief, којво превод значи федерација. Од тогаш, овој сојуз се нарекува и Голем сојуз.

Овој сојуз во текот на 14 век имал огромни успеси, добивајчи независност од Хабсбуршката династија и Германското царство. По победата над германскиот цар Максимилијан II во 1499 година, сојузот уживал во потполна независност, и главно се засновал на принципот на неутралноста. Веќе во почетокот на 16 век, сојузот се состоил од 13 кантони.

Швајцарската Конфедерација или Швајцарија е европска земја без излез на море. Таа граничи со Германија на север, Франција на запад, Италија на југ, и Австрија и Лихтенштајн на исток. Швајцарија има вековна традиција на политичка и воена неутралност, но исто така и на меѓународна соработка. Таа е седиште на голем број на меѓународни организации.

Христијанството е доминантна религија во Швајцарија, поделено помеѓу Римокатоличката црква (46% од населението спред податоци од 2008) и Швајцарската реформска црква (40%). Имиграцијата го донела исламот во изминатиот век и денеска бројот на муслиманите е околу 4,26%. Истото се однесува и за православието, чијшто процент е околу 1,8%[18]. Други помали религиозни зеадници се различни протестантски вероисповеди (во висина од 1,94%), Нова апостолска црква (0,45%), хиндуизам (0,38%), будизам (0,29%), јудаизам (0,25%), Јеховините сведоци (0,23%) и Старокатоличка црква (0,18%). 11,11% од Швајцарците се атеисти според податоци од 2000 година, други 4,33% одбиле да се изјаснат.

Население -Германци 63,7 % -Французи 20,4 % -Италијанци 6 % – Има и помал број на Македонци, Босанци, Срби и други народи.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија