Швајцарија ќе воведе поголеми проверки на аеродромите

Почнувајќи од следната недела, патниците кои слетуваат на швајцарските аеродроми ќе бидат подлежни на поголеми проверки, откако ќе почне да се применува новиот процес за откривање на експлозиви. Ваквите проверки треба да започнат следниот вторник (1-ви септември), а ќе се воведат на сите аеродроми во Швајцарија како стандардна процедура.

Мерката на безбедност е во согласност со условите побарани од страна на Европската унија. Според новите мерки, патниците ќе бидат избрани компјутерски по случаен избор, за потоа да бидат тестирани со детектор за експлозиви. На истите ќе им биде земен брис од рацете и пределот на половината, а рачниот багаж, исто така ќе биде предмет на дополнителни контроли. Правилата за забранети предмети и течности во рачниот багаж остануваат непроменети.

Иако новите детектори се прилично точни, сепак не може да бидат исклучени и лажни тревоги, се вели во соопштението. Доколку патникот непосредно пред патувањето допрел огномет (кој исто така е забранет во рачниот багаж) детекторот би можел да реагира.

Новиот тест нема да го замени претресот на аеродромите, кој ќе продолжи да се спроведува, изјави АТС.

Аеродромот во Цирих инвестираше 2,6 милиони франци за 36 детектори на експлозиви, а 900 вработени добија обука за нивна употреба. Други швајцарски аеродроми, како што се оние во Женева и во Базел, ги преземаа истите мерки.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија