Во болницата Södersjukhuset во Стокхолм, оваа есен ќе се отвори првото ургентно одделение наменето за мажи кои се жртви на силување. Оваа болница веќе го има најголемото ургентно одделение во нордискиот регион и е отворена 24 часа за помош на сексуално нападнати жени и деца. Во неа годишно се пријавуваат од 600 до 700 пациенти.
Според извештаите на Националниот совет за спречување на криминалот, во 2021 година биле пријавени 370 случаи на сексуален напад врз мажи или момчиња. Но, експертите веруваат дека вистинската бројка е многу поголема.
„Генералната перцепција е дека мажите не можат да бидат силувани.“ вели Лоти Хелстром, доктор во оваа болница. Таа изјави дека ова сè уште е табу тема, но во овие случаи мажите можат да настрадаат дури и повеќе од жените.
Статистички гледано, Шведска има највисока стапка на силување во Европа, но важно е да се напомене дека во оваа држава малку поинаку се евидентираат ваквите случаи. Така на пример, ако некој тврди дека бил силуван од партнерот секој ден во текот на две недели, тогаш одговорните ќе евидентираат 14 потенцијални криминални дела, Додека пак во други држави, ќе се регистрира само еден случај.
За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска