Службата за Државјанство и Имиграција на Канада (CIC) овој месец по шестнаесетти пат изготви листа на Express Entry кандидати, кои во наредниот период ќе можат да аплицираат за постојан престој во оваа држава. Оваа добра вест беше изненадување за 1.517 кандидати кои аплицирале за Express Entry визата.
Откако ќе добијат покана за учество, кандидатите имаат рок од 60 дена да поднесат комплетна апликација со сите потребни документи, без притоа да додадат нешто повеќе. Покрај тоа, важно е доставените информации и документи да се целосно точни. Доколку кандидатот испрати лажни документи, може да се соочи со забрана за влез во земјата и забрана за аплицирање на програма за емиграција во наредните 5 години.