Зошто Норвешка е една од најубавите држави за живеење

Норвешка една од најдобрите држави за живеење, не само во Европа, туку и во светот. А зошто е тоа така? Јавните институции, како и владата на Норвешка, помогнаа оваа држава да постигне висок статус, а со тоа да привлече многу имигранти од целиот свет.

За убавиот живот придонесува и основната природа на Норвежаните – чесноста, интегритетот и градењето доверба меѓу себе. Ова е само уште еден фактор кој животот во Норвешка го прави мирен и стабилен.

Ниската стапка на смртност кај мајката и детето, породилното отсуство кое важи и за мајката и за таткото, пристапот до образование и квалитетните воспитни институции, се само дел од причините зошто е убаво да се биде родител во Норвешка.

За невработените родители, како и останатите жители на оваа држава, се предвидени посебни мерки и им се даваат бенефиции, со цел да се справат со невработеноста. Исто така, Норвешка важи за една од државите со најдобри услови кои ги нуди за работниците. Годишниот одмор најчесто е околу пет недели, а покрај платата, предвидени се и празнични бонуси.

Образованието во Норвешка е бесплатно, а со тоа многу луѓе се поттикнати да ги доусовршат своите знаења и да се дообразуваат. На тој начин Норвешка им овозможува еднаквост на сите граѓани, без никаква дискриминација.

Оваа европска држава нуди и квалитетно здравство. Според последните истражувања на Светската здравствена организација, Норвешка се наоѓа на единаесетото место во светот според квалитетот на здравствениот систем.

Покрај сето ова, Норвешка е рај за луѓе кои имаат голема љубов кон скијањето. Оваа држава изобилува со многу природни убавини, поради кои ја посетуваат туристи од целиот свет.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија