ValuePenguin: Швајцарија е најбезбеднa земја во светот

Под услов да нe планинарите или скијате, Швајцарија е најбезбедната држава во светот, се вели во едно ново истражување.

Според извештајот објавен од страна на американскиот веб-сајт ValuePenguin, Швајцарија е на врвот на ранг-листа од 107 земји според нејзината безбедност.

Студијата се базира на податоци собрани во седум тематски области, избрани поради нивната поврзаност со идејата за „секојдневна безбедност и сигурност“. Овие седум области се однесуваат на бројот на населението, бројот на кражби, напади и смртни случаи во сообраќајот, ниво на CO2 во воздухот, број на полицајци по жител и животниот век на граѓаните.

Студијата ги користеше најновите податоци достапни од извори како Светската банка, Обединетите нации и Светската здравствена организација.

Според споменатата методологија на ValuePenguin, Швајцарија излезе на врвот, а по неа следуваа Сингапур, Шпанија, Јапонија и Кипар.

При објавувањето на извештајот, Швајцарија го привлече вниманието поради ниската стапка на пријавено насилство и криминал – само седум вакви случаи на 100.000 луѓе.

„Швајцарија доби високи оценки во категориите што ги анализиравме, бидејќи има ниска стапка на криминал, полиција во која граѓаните имаат доверба и висок квалитет на воздухот. Во истражувањето не ги вклучивме екстремните спортови, но земен е предвид и животниот век, а на истиот влијаат и тие спортови“, се вели во извештајот.

Што се однесува до останатите држави, ниту еден фактор во анкета кој се однесува на актуелните политички состојби или конфликти, не даде некои изненадувачки резултати. Сирија, на пример, се најде на 55тото место, што ја прави побезбедна од земји како Латвија (66), Литванија (71) и Андора (98).

„Кипар се искачи на петтата позиција, иако е земја која со децении буквално е поделена на два дела. Преговорите за повторно обединување на Кипар немаа никакво влијание врз нејзиното рангирање. Ние се фокусиравме само на безбедноста во рамките на самите земји“, се вели во извештајот.

За повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Швајцарија