Без разлика дали сакате да учите програмирање или да научите некои совети за посреќен живот, веројатно е дека има онлајн курс за тоа што го барате, а можеби е и бесплатен.
Платформите како „Курсера“ нудат илјадници бесплатни онлајн-курсеви од светски универзитети и познати компании. Во продолжение следуваат некои што почнуваат оваа година.
Курсеви за личен развој
– „Науката за благосостојбата“, Универзитет „Јејл“;
– „Менување на размислувањето: Срушете ги пречките до учењето и откријте го скриениот потенцијал“, Универзитет „Мекмастер“;
– „Вовед во психологија“, Универзитет „Јејл“;
– „Размисли повторно 1: Како да ги разберете аргументите“, Универзитет „Дјук“;
– „Креативно решавање на проблеми“, Универзитет на Минесота.
Компјутерски науки
– „Алгоритми, Дел 1“, Универзитет „Принстон“;
– „Вовед во програмирање со МАТЛАБ“, Универзитет „Вандербилт“;
– „ХТМЛ, ЦСС и Јаваскрипт за веб-девелопери“, Универзитет „Џонс Хопкинс“;
– „Направете ја првата апликација за Андроид“, „Централ супелек“;
– „Компјутерски науки: програмирање со цел“, Универзитет „Принстон“.
Бизнис
– „Успешно преговарање: основни стратегии и вештини“, Универзитет во Мичиген;
– „Финансиски пазари“, Универзитет „Јејл“;
– „Маркетинг-анализа“, Универзитет на Вирџинија;
– „Лично и семејно финансиско планирање“, Универзитет на Флорида;
– „Менаџмент на компании за мода и луксузни производи“, Универзитет „Бокони“.
Здравје
– „Вовед во исхрана и здравје“, Универзитет „Стенфорд“;
– „Социјална психологија“, Универзитет „Веслијан“;
– „Живот на среќа и исполнетост“, Индиска бизнис-школа;
– „Вовед во човечка физиологија“, Универзитет „Дјук“;
– „Науката на вежбањето“, Универзитет на Колорадо, Булдер;
-„Управување со емоции во време на несигурност и стрес“, Универзитет „Јејл“.
Облак и технологија
– „Машинско учење“, Универзитет „Стенфорд“;
– „Основи на обработка во облак“, „Лрнквест“;
– „Основи: податоци, податоци, насекаде“, „Гугл“;
– „Вештачка интелигенција за сите“, „Дип лрнинг“.
Јазици
– „Англиски за развој на кариерата“, Универзитет на Пенсилванија;
– „Почетен корејски“, Универзитет „Јонсеи“;
– „Кинески за почетници“, Пекингшки универзитет;
– „Пишување професионална електронска пошта на англиски јазик“, „Џорџа тек“;
– „Проблематичен изговор на американскиот англиски јазик“, Универзитет на Калифорнија, Ирвин.
Уметност и општествени науки
– „Вовед во филозофија“, Универзитет на Единбург;
– „Гитара за почетници“, музички колеџ „Беркли“;
– „Модата како дизајн“, музеј „Метрополитан“;
– „Правење архитектура“, бизнис-школа ИЕ.
Математика, логика и наука за податоци
– „Математички вештини за наука за податоци“, Универзитет „Дјук“;
– „Ес-кју-ел за наука за податоци“, Универзитет на Калифорнија, Дејвис;
– „Вовед во калкулус“, Универзитет на Сиднеј;
– „Вовед во статистика“, Универзитет „Стенфорд“;
– „Теорија на игра“, Универзитет „Стенфорд“.
Физика, астрономија и инженерство
– „Како функционираат нештата: вовед во физиката“, Универзитет на Вирџинија;
– „Астрономија: истражување на времето и просторот“, Универзитет на Аризона;
– „Компјутерска архитектура“, Универзитет „Принстон“;
– „Хемија“, Универзитет на Кентаки;
– „Како да напишеш и објавиш научен труд“, Политехничка школа.