Виза за барање работно место во Германија

Термини можат да се закажат само онлајн преку веб страната на амбасадата. Барањето се поднесува само лично.

Таксата за апликацијата изнесува 75.- евра. Сите документи треба да се достават во оригинал и 1 копија.

При поднесување на барање секогаш треба да се поднесат следниве документи:

  • 1 формулар, читливо и целосно пополнет на германски јазик и своерачно потпишан (со латинични букви).
  • 1 биометриска фотографија од понов датум.
  • Пасош со доволна важност, во оригинал и 1 копија.
  • Биографија (CV) на германски јазик, за професионалната кариера, своерачно потпишана.
  • Мотивационо писмо на германски јазик, со податоци за планираниот престој за барање работно место (бранша, област, регион, времетраење на престојот/сместување и сл.), своерачно потпишано.
  • Доказ за финансирање на престојот, месечниот износ за покривање на трошоците за престој треба да изнесува 853,- €, и тоа во вид на:
  1. гарантно писмо од Германија за целокупниот престој од страна на лице кое живее и работи во Германија, во оригинал и 1 копија., или
  2. потврда од банка во Германија дека имате отворена блокирана сметка (Sperrkonto) на Ваше име со месечен износ од 853,- €, во оригинал и 1 копија, (на пр. Дојче Банк (Deutsche Bank) – www.deutsche-bank.de, фирма Финтиба (Fintiba) – www.fintiba.com, фирма Експатрио (X-Patrio) – www.x-patrio.com, фирма Коракле (Coracle) – www.coracle.de, и др.).
    – Доколку имате обезбедено бесплатно сместување или оброци, потребно е да се достават соодветни докази.
  • Доказ за завршено образование, (диплома), во оригинал и превод на германски јазик со по 1 копија

Со завршено академско образование:

  • Доказ од датотеката АНАБИН дека Вашето високо образование е признато или еквивалентно со високото образование во Германија, (www.anabin.kmk.org), во 1 примерок. Проверката во АНАБИН секогаш треба да се спроведе како во однос на факултетот така и во однос на универзитетската диплома. (Vergleichbarkeit: Hochschule H + und Abschluss: entspricht).
  • Доколку вашето високо образование или факултетот не се признати или еквивалентни со истите во Сојузна Република Германија, еквивалентноста на вашето високо образование мора да се утврди од надлежна служба во Сојузна Република Германија.

Со завршено стручно образование:

  • Доказ за признавање на еквивалентноста на стручното образование во Германија: уверение од надлежна германска служба за признавање, со кое се потврдува еквивалентноста на вашето стручно образование, во оригинал и 1 копија.
  • Еквивалентноста на вашето стручно образование мора да се утврди во таканаречена постапка за проверка на еквивалентност на професионални квалификации/стручно образование во Германија– Anerkennungsverfahren.
  • Информации околу постапката, надлежни служби и потребни документи можете да погледнете на следнава веб страна: www.anerkennung-in-deutschland.de
  • Престој за барање работно место во Германија може да се додели максимум за 6 месеци. Откако барањето ќе се одлучи позитивно, пред да се издаде визата потребно е да приложите и доказ за патничко здравствено осигурување, доколку доказот претходно не сте го приложиле, во оригинал и 1 копија.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија