Термини можат да се закажат само онлајн преку веб страната на амбасадата. Барањето се поднесува само лично.
Таксата за апликацијата изнесува 75.- евра. Сите документи треба да се достават во оригинал и 2 копии.
При поднесување на барање секогаш треба да се поднесат следниве документи:
- 2 формулари, читливо и целосно пополнети на германски јазик и своерачно потпишани (со латинични букви).
- 2 биометриски фотографии од понов датум.
- Пасош со доволна важност, во оригинал и 2 копии.
- Договор и план за стручно образование (не постари од 6 месеци): потпишан од претпријатието и приправникот, со податоци за комплетната адреса на претпријатието, почетокот и времетраењето на стручното образование, точен назив на професијата (која планирате да ја изучувате), висината на месечниот надомест, неделното работно време и датумот на потпишување на договорот, во оригинал и 2 копии.
1. Договорот мора да се потврди од страна на надлежното стручно здружение (на пр.: ИХК – IHK).
2. Доколку месечниот надомест за време на стручното образование не достигне месечен нето износ од 853,- €, потребно е да се докаже финансирањето на износот кој недостасува, и тоа со:
– гарантно писмо од Германија за целокупниот престој од страна на лице кое живее и работи во Германија, во оригинал и 2 копии, или
– потврда од банка во Германија дека имате отворена блокирана сметка (Sperrkonto) на Ваше име со месечен износ од 853,- €, во оригинал и 1 копија, (на пр. Дојче Банк (Deutsche Bank) – www.deutsche-bank.de, фирма Финтиба (Fintiba) – www.fintiba.com, фирма Експатрио (X-Patrio) – www.x-patrio.com, фирма Коракле (Coracle) – www.coracle.de, и др.).
– Доколку имате обезбедено бесплатно сместување или оброци, потребно е да се достават соодветни докази.
- Договор со училиштето или потврда за регистрација на стручното училиште, во оригинал и 2 копии.
- Биографија (CV) на германски јазик, своерачно потпишана, во 2 примерока
- Доказ за познавање на германски јазик на Б1 ниво, во оригинал и 2 копии
Признати сертификати се: сертификатот од Гете институтот (Goethe Institut), Телк доо (Telc GmbH) или ОСД – австриска јазична диплома (ÖSD – Österreichisches Sprachdiplom).
Другите јазични сертификати или потврди, кои го потврдуваат само учеството на јазичен курс, НЕ се признаваат.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.