И покрај честите вести за криза, штедење и отпуштања, германската индустрија во моментов има огромен обем на работа што допрва треба да биде реализиран.
Вредноста на сè уште неизвршените нарачки во јули пораснала за 1,5 проценти во споредба со претходниот месец, а дури за 10,9 проценти во однос на истиот период минатата година. Станува збор за највисоко ниво откако во 2015 година започнало следењето на овие податоци.
Според сегашниот обем на нарачки, германските индустриски компании имаат работа за приближно девет месеци производство.
Прочитајте: Работите во Германија? Проверете ја платната листа – можеби работодавачот не ви плаќа придонеси!
Најголем придонес за растот доаѓа од големите нарачки поврзани со производство на авиони, бродови, возови, воени возила и индустриски машини.
Сепак, зад рекордните бројки се крие многу понееднаква слика. Германската автомобилска индустрија, која е еден од најважните столбови на економијата, бележи пад на нарачките. Затоа високото ниво на вкупните нарачки сè уште не може да се толкува како крај на кризата во германската индустрија.
Каква е состојбата во компанијата каде што работите вие? Има ли доволно работа и нови нарачки или и понатаму се зборува за штедење, кратење на работни места и отпуштања?
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.
