Имиграција во Канада – дефицитарни кадри и можности

Со воведување на Express Entry програмата од оваа година, Канада ги отвори вратите за доселениците од странство. Но, постојат многу патишта кои водат до Канада. Express Entry е само една од многуте програми кои оваа држава ги нуди.

Канада брои 10 провинции и 3 територии. Секоја провинција и територија, со исклучок на Нунавут, води своја сопствена програма за имиграција наречена Provincial Nominee Programme (PNP). Сите програми се различни и имаат специфичните барања според она што го бара самата провинција на својот пазар на труд.

Понекогаш, многу е полесно да добиете зелено светло преку некоја провинциска програма, но во некои случаи Express Entry е посоодветна за одредени професии. Затоа, заинтересираните кандидати имаат право да во исто време да аплицираат за PNP, но и за Express Entry.

Провинциите сами вршат бодување и номинации кои се надвор од Express Entry системот. Ова значи дека одредени кандидати кои не биле квалификувани според Express Entry, сe уште можат да добијат иселеничка виза за некоја провинција, доколку ги исполнуваат нејзините услови. Исто така, кандидатите кои аплицирале за Express Entry, можат да бидат забележани од некоја провинција, па да им биде понудена виза за истата. Но, внимавајте – во одредени провинциски програми стриктно е наведено дека еден од условите е да не сте аплицирале за виза за друга провинција. На ваков начин, локалните власти сакаат да бидат сигурни дека доселениците ќе ги задржат во својата провинција.

За провинциите кандидатите треба да освојат 600 поени, што е половина од вкупниот број за Express Entry.

Според податоците од 2015 година, ова е листа на провинции кои нудат можности за доселениците:

Онтарио
Онтарио е дом на главниот град на Канада – Отава, како и на најголемиот град во оваа земја – Торонто. Оваа провинција е најпопуларната дестинација за имигранти во земјата, а најчесто во своите програми е во потрага по стручни лица кои течно зборуваат француски.
За повеќе информации за програмата за имиграција во Онтарио, кликнете тука.

Нова Шкотска
Оваа провинција има дефицит од стручни работници во областа на инженерството, здравството, финансиите и компјутерската технологија. Работното искуство е задолжително. Заинтересираните кандидати можат да аплицираат директно преку провинциската програма, или преку Express Entry системот. Вкупно 350 апликации се прифатени во рамките на програмата во 2015 година.
За повеќе информации за програмата за имиграција во Нова Шкотска, кликнете тука.

Саскачеван
Оваа покраина има потреба од механичари, водоводџии, електричари, инженери, како и работници во областа на компјутерската технологија и индустријата. Саскачеван започна нова Express Entry поткатегорија, со што им овозможи работа на повеќе од 775 апликанти. Заинтересираните кандидати мораат да аплицираат преку Express Entry програмата. Апликантите мора да аплицираат преку влез систем Експрес.

Освен тоа, покраината има и своја програма, каде можат да се пријавуваат канидати кои спаѓаат во децитарните кадри. Истите не мора да аплицираат во Express Entry системот.
За повеќе информации за програмите и можностите кои Саскачеван ги нуди, кликнете тука. Или прочитајте ја нашата статија за Иселенички визи за Саскачеван.

Британска Колумбија
Канадската провинција Британска Колумбија има своја програма за имиграција која го носи името Express Entry British Columbia (EEBC). Оваа програма доделува дозволи за постојан престој на 5.500 кандидати. Дефицитарен кадар во оваа провинција се здравствените работници.
За повеќе информации за програмата за имиграција во Британска Колумбија, кликнете тука.

Њуфаундленд и Лабрадор
Заинтересираните кандидати кои сакаат да аплицираат за програмата за стручни работници, најпрво треба да најдат понуда за работа со полно работно време од работодавец во Њуфаундленд и Лабрадор.
За повеќе информации за програмата за имиграција во Њуфаундленд и Лабрадор, кликнете тука.

Алберта
Оваа провинција нуди опции за квалификувани и полуквалификувани работници. Покрај тоа, постојат опции за имиграција во Алберта со претходно добиена понуда за работа, но и без добиена работа.
За повеќе информации за програмите кои ги нуди оваа провинција, кликнете тука. Или прочитајте ја нашата статија за Програма за емигрирање во Алберта.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија