Како да дознаете дали сте квалификувани за лотаријата за америчка зелена карта?

Најчестите прашања и потребни информации во врска со лотаријата за американска зелена карта.

Дали сум квалификуван/а за зелена карта ако сум избран/а во лотаријата?
Избирањето на лотарија не гарантира дека кандидатот ќе добие зелена карта; кандидатите мораат да ги исполнат сите стандарди за да можат да бидат обработени нивните зелени карти во рамките на деденото време. Членовите на потесното семејство на успешните апликанти имаат право на зелена карта, доколку ги исполнат истите стандарди. Поединци кои се избрани и се квалификувани за една од 50.000 виза броеви може или да си обезбедат имигрантска виза во амбасада или конзулат или ако се во Америка, да го прилагодат нивнито статус преку поднесување пријави и документација во услугите за американско државјанство и имиграција.

Кои земји се квалификувани?

Лотаријата е распределена на странски државјнаи кои ги повикуваат сите шест географски региони: Африка, Азија, Европа, Северна Америка, Океанија и Јужна Америка, Централна Америка и Карибите. За да се квалификувате мора да ја потврдите вашата националност или државата во која сте родени во земја која е квалификувана и мора да имате одредено образование или работно искуство. Целта на програмата е да се прошири и поттикне имиграцијата од земјите кои испраќаат помал број на имигранти во Америка. 

Исклучени земји

Не сите земји од шесте региони спаѓаат во рамките на програмата за лотарија за зелена карта. Исклучени земји се: Бангладеш, Бразил, Канада, Кина, Колумбија, Доминиканска Република, Еквадор, Ел Салвадор, Хаити, Индија, Јамајка, Мексико, Нигерија, Пакистан, Перу, Филипини, Јужна Кореја, Велика Британија (освен северна Ирска) и нејзините зависни територии и Виетнам. Листата на земји не е променета од минатата година.

Лицата родени во Хонг Конг, Макау и Тајван се квалификувани.

Како да знам дека сум избран/а во лотаријата?

Официјалните известувања за избор се прават преку Entrant Status check достапен на самата страна на лотаријата. Потребно е да знаете дека Стејт Департментот не испраќа никакво известување или писмо по редовна пошта или меил за избирањето. Секое известување кое ќе ви стигне во ваква форма треба да знаете дека е нелигитимно. 

Повеќе информации во врска со зелената карта како и пријавување, можете да пронајдете ТУКА.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија