Канада објави шестмесечен извештај за Express Entry

Шест месеци по отпочнување на Express Entry системот, Канада објави извештај со статистички податоци за бројот на пријавени кандидати, нивното потекло, квалификации и слично.

Според податоците кои Канада ги објави, во првите шест месеци покана за аплицирање добиле вкупно 12.928 кандидати. 29,4% од нив немале понуда за работа, додека пак 65% претходно добиле понуда за работа од канадски работодавач.

Вкупно 5534 од вкупниот број покани биле издадени како дел од Canadian Experience Class (CEC), 4809 биле издадени под Federal Skilled Workers (FSW), 1887 биле под Federal Skilled Trades (FST), а 698 под Provincial Nominees (PN).

Што се однесува до државите од каде потекнуваат овие кандидати, сликата изгледа вака
chart5-3

„Знаењето е моќ, а во текот на последните неколку месеци, КИЦ им даде можност на вредните луѓе да дојдат во Канада“, вели адвокатот Дејвид Коен. „Сите се добредојдени да аплицираат. Кај програмите за емиграција ќе забележите дека барањата постојано се намалуват, а бројот на кандидати кои се поканети да аплицираат се зголемува.“

Минатата година канадската влада најави дека од јануари 2015, ќе започне со доделување на експресни визи кои ќе им овозможат на работодавачите што побрзо да ги пополнат работните места со квалификувани работници. Ова треба да ѝ го решат проблемот на земјата со недостатокот на квалификувана работна сила. Кандидатите кои ќе добијат покана за аплицирање за постојан престој, имаат рок од 60 дена да достават комплетна електронска апликација. Од тој момент, владата на Канада има за задача да го процесира барањето во рок од шест месеци.

За да прочитате повеќе информации околу Express Entry системот, кликнете тука.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија