Термини можат да се закажат само онлајн преку веб страната на амбасадата. Барањето се поднесува само лично.
Таксата за апликацијата изнесува 75.- евра. Сите документи треба да се достават во оригинал и 2 копии.
При поднесување на барање секогаш треба да се поднесат следниве документи:
- 2 формулари, читливо и целосно пополнети на германски јазик и своерачно потпишани (со латинични букви).
- 2 биометриски фотографии од понов датум.
- Пасош со доволна важност, во оригинал и 2 копии.
- Au-Pair-договор, потпишан од двете страни (семејството од Германија и дадилката), во оригинал и 2 копии. Договорот треба да ги содржи сите потребни податоци, пред се почеток и времетраење на престојот како Au-Pair, опис на активностите, број и возраст на децата, висина на платата, здравственото осигурување.
- Пример за договор може да најдете на интернет адресата: https://www.arbeitsagentur.de/unternehmen/arbeitskraefte/au-pair.
- Мотивационо писмо, со наведување на причините за престојот како Au-Pair во Германија, своерачно потпишанo на македонски или албански јазик, во оригинал и превод на германски јазик со по 2 копии.
Дополнително кај студенти: Потврда од факултет, во оригинал и превод на германски јазик со по 2 копии.
Забелешка:
- Потребните основни познавања на германски јазик ќе се проверуваат или при поднесување на барањето или можат да се докажат со признат јазичен сертификат.
- Работниот однос како Au-Pair најрано може да се започне со навршена осумнаесетгодишна возраст. Барањето за виза за престој може да се поднесе најдоцна на 26 години.
- Барањето не смее да се поднесе порано од 6 месеци пред договорениот почеток на дејноста како Аu-pair.
- Можен е само еден престој како Au-Pair.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.