Зошто да купите електричен автомобил во Германија?

За неколку години, секој што вози автомобил што не е хибрид, „е“ или што не испушта „миризлива арома”од издувните гасови, ќе биде хејтер на природата и обичен овчар.

Иако оваа приказна веќе се турка, реалноста е далеку од тоа. „Обичните“ автомобили сè уште сочинуваат над 90% од сите автомобили на патиштата во Германија. Хибридите и Е автомобилите сè уште, со право, се сметаат за непрактични и скапи. Меѓутоа, ако ги земеме предвид другите фактори кои се веќе таму, а кои допрва ќе следат, можеби ќе бидеме пионер баш сега и треба сериозно да размислиме да купиме ваков автомобил.

Прво кратко објаснување за сите вас луѓе кои не се разбирате многу во автомобили: Хибридите се автомобили кои користат електрични и класични мотори (бензин или дизел) во комбинација. Идејата е да се поддржуваат еден со друг и да работат заедно за да обезбедат помала потрошувачка и помалку емисии на CO2. Е или електричен автомобил има само електрични мотори и воопшто не троши гориво и не произведува СО2 – на пр. Rimac.

Зошто е ова толку важно?

Без оглед дали e оправданo или не (некои велат дека електричните автомобили загадуваат уште повеќе кога ќе ги земеме предвид ресурсите потрошени на создавање на автомобилот и огромните батерии), Германија и ЕУ се стремат кон ставање што повеќе такви автомобили во погон. Вчера ја прочитав веста дека Велика Британија е се поблизу до одлуката за забрана за внатрешно согорување на сите автомобили до 2030 година.

Од таа причина, денес постојат многу финансиски програми (субвенции) кои се дизајнирани да го направат вашиот скок кон новата технологија што е можно полесен (финансиски).

Ако денес размислувате да купите автомобил, еве ги причините зошто да купите хибриден или е-автомобил:

Umweltbonus

Ова е најголемата причина – тоа е премија за купување електричен или хибриден автомобил во Германија.

Пред неколку дена уште еднаш ја покачија премијата.

  • за електричен автомобил под 40 000 евра може да очекувате субвенција од 9 000 евра. За хибриди под 40.000 евра добивате 6.750 евра.
  • За електрични автомобили над 40.000 евра 7.500 евра. За хибриди над 40.000 евра 5.625 евра
  • Доколку се одлучите за половен е-автомобил, можете да добиете 5.000, а за хибридите 3.750 евра. Половните автомобили не смеат да бидат постари од 12 месеци и да имаат изминато повеќе од 15.000 километри.

Сите детали за тоа можете да ги најдите овде и да поднесете барање:

https://www.bafa.de/DE/Energie/Energieeffizienz/Elektromobilitaet/Neuen_Antrag_stellen/neuen_antrag_stellen.html

Специјални попусти од производителите

Многу производители и застапници за автомобили нудат премии за електрични автомобили. Нисан, Рено, Хјундаи се производители кои нудат особено големи премии за набавка на електрични автомобили. Некои производители даваат и таканаречена премија за да го заменатите стариот со нов. Значи, ако имате стар дизелаш или бензинец, можете да им го дадете во цената и со тоа да заштедите неколку илјади евра на нов автомобил.

Бонуси од градот, општината и други субвенции

Некои општини и градови, покрај сите субвенции нудат и нивни. Тука каде што живеам јас дури и за купениот велосипед општината ви враќа дел од парите.

Данок на автомобил (kfz – Steuer)

Оние кои ќе купат електрични автомобили во Германија се ослободени од плаќање данок на автомобил дури 10 години. Бидејќи овој данок е 200, 300 евра се заштедува убава сума.

Корона криза и намалување на даноците

Ова не се однесува само на оваа тема, но тоа е нешто што може да се користи во моментот. Иако е грандиозно најавено, обичниот народ падот на даночната стапка од 19% на 16% навистина не го чувствува. Но, сигурно тоа го чувствуваат оние кои купуваат нешто големо и вредно – на пример електричен автомобил. Ако дадете 50.000 €, разликата од 3% на данокот дефинитивно се чувствува и таа разлика може да се искористи во моментот.

Данок на СО2

Можеби не е аргумент за електрични и хибридни автомобили, но секако е аргумент против дизел и бензински автомобили. Во мај 2020 година, со цел ограничување и забавување на емисиите на СО2, беше донесен закон за данок на СО2 (јаглерод диоксид). Законот стапи на сила од 2021 година. Целта е да се оданочи, а со тоа и да се зголеми цената на сè што придонесува за испуштање на СО2 во атмосферата. 1 тон емитирана СО2 ќе се оданочи со 25 евра. Пресметано – литар гориво ќе поскапи во просек за 7,5 центи за литар, што е уште еден аргумент за автомобилите што не трошат, или трошат помалку гориво.

Паркинг и други права

Ако возите електричен автомобил, можете да паркирате бесплатно на места наменети за нивно полнење (кои се многу често бесплатни, дури и во центарот на градот). Гаражите и паркинзите исто така нудат поевтин или бесплатен паркинг за електрични автомобили во Германија.

Не го пишувам ова за да ве убедам во ништо. Електричните автомобили се далеку од совршено решение. Само погледнете:

  • почетна цена
  • можност за полнење и достапна инфраструктура за полнење
  • опсег
  • време на полнење
  • трошоци за одржување
  • колку е сето тоа всушност Еко?
  • продажба на истата

…и ќе видите дека сето ова сè уште не е наштимано до крај. Но, можеби баш сега е моментот да се искористат овие стимулации и да се биде еден од првите. Кога електричните автомобили ќе бидат стандард, тешко дека ќе се пружат услови како сега.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.