Како да пронајдете наш лекар во вашата близина

Едно од најчестите прашања што го среќавам во различни ФБ групи е: како да се најде „наш“ лекар во Германија.

Во моментот кога ќе дојдеме тука, имаме проблеми со германскиот јазик и секако дека ни треба лекар кој ќе може да не разбере. Бидејќи здравјето е најважната точка во животот, за нас е важно некој да не разбере, без разлика дали ни треба медицински совет или сакаме да земеме боледување во Германија.

Иако знам германски, ѝ јас имам „наш“ лекар затоа што едноставно се чувствувам попријатно кога можам да објаснам без никакви јазични проблеми што ме боли.

Каде да најдете „наш“ лекар (Hausarzt)?

Како што споменав претходно, најчестото место каде што луѓето бараат лекар кој го зборува нивниот јазик се групите на Фејсбук. Во сите групи, честопати може да најдете луѓе кои ги знаат информациите, па затоа има смисла да се користи Фејсбук при пребарување.

Но, има еден мал проблем. Многу групи имаат повеќе од 100 објави секој ден и може да се случи вашето барање да се изгуби во море од други информации, па затоа не е најдобриот метод.

Затоа ви претставувам едно супер решение, а тоа е Weisse Liste. Оваа веб-страница ви помага да најдете било кој лекар во ваша близина, па дури можете да изберете и јазик на кој зборува. Едноставно, внесете Hausarzt во делот Fachgebiet (ако барате матичен лекар), внесете го местото што го барате (по можност преку поштенски код) и изберете Fremdsprachenkenntnisse од филтрите. Таму ќе го најдете јазикот на кој сакате да зборува вашиот лекар и го решивте проблемот со барање лекар.

Подолу е даден пример каде барам лекар во Минхен:

Ако случајно не можете да најдете лекар на веб-страницата (што може да се случи затоа што лекарите треба сами да се пријават на таа листа), тогаш пробајте со групите на Фејсбук.

Ако сакате да им помогнете на другите во вашата околина, следниот пат кога ќе одите кај вашиот лекар на преглед, препорачајте му да се запише на Weisse Liste и да му објасните дека на овој начин повеќе пациенти ќе можат да го пронајдат!

Зошто е подобро да закажете термин?

Ако некој е шампион во листи на чекање тоа се земјите од кои доаѓаме. Затоа, свесни сме колку е важно да закажеме состанок пред да дојдеме на лекар. Постојат два начина на кои можеме да закажеме термин.

  • преку е-маил
  • по телефон – најлесниот начин да закажете состанок е едноставно да се јавите и да се договорите кога ќе имаат слободен термин. Ако случајно не знаете да зборувате германски, еве еден пример за тоа што треба да кажете:

Guten Tag, ich möchte einen Termin machen am (кажете на кој датум ви треба термин и ќе ви кажат во колку часот). 

Ако случајно немаат датум за тој ден, тогаш пробајте со: Es ist dringend. Haben sie keinen früheren Termin?

Што ако ви е потребен лекар после работно време?

Повеќето матични лекари (Hausarzt) работат од понеделник до петок во одредени временски рамки и многу често може да ни се случи да ни треба медицинска помош навечер или за време на викенди и празници. Како тогаш да се дојде до лекар?

Многу едноставно и на два начина:

  • јавете се на дежурниот лекар на 116 117 – бројот е бесплатен низ цела Германија и лесно ќе ги добиете сите потребни информации
  • во моментот кога сте во ситуација опасна по живот, задолжително јавете се на 112 и тогаш ќе добиете линија за итни случаи (во овој случај важно е мирно да ја објасните ситуацијата во која се наоѓате, ако не знаете германски јазик, а знаете Англиски, слободно користете го).

Што ако во близина нема лекар што зборува на наш јазик?

Многу лекари од нашето говорно подрачје отишле да работат и живеат во Германија, особено во големите градови, па ако живеете во мал град и сè уште не разбирате добро германски пробајте да пребарате за поголемиот град во близина за да видите каде можете да најдете наш лекар (можете да изберете и радиус на пребарување за да ви олесни).

Алтернативно, повеќето лекари разбираат англиски јазик, па ако ви треба лекар во близина и сте сигурни во вашиот англиски јазик, тогаш не треба да имате никаков проблем.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија