Како да аплицирате сами за работа во Мекдоналдс

Бидејќи во последно време е се поголем бројот на агенции кои наплаќаат превисоки суми за услуги кои самите можите да си ги направите, во продолжение ќе ви објасниме чекор по чекор како да аплицирате за работа во Мекдоналдс. Исто така и тие кои чекаат термин за во амбасада ќе им објасниме како да стапат во контакт со одреден Мекдоналдс и да добијаат договор за работа и опис на работното место потребни за добивање работна виза за Германија.

1. Прв чекор што треба да го направите е да кликните тука, и линкот ке ве однеси на следнава страна.

Официјлна страна на Мекдоналдс за аплицирање за работа


2. Во полето „PLZ/ORT“ треба да напишите поштенски број од градот или местото во кое барате работа.

3. Потоа во полето „Umkreis“ треба да селектирате до колку максимум километри да биди пребарувањето.

4. Понатаму, во полето „Alle Anstellungsarten“ треба да ја одберите опцијата „Restaurant

5. И во полето „Alle Stellen“ треба да селектирате „Mitarbeiter im Restaurant m/w/d

6. Кога ќе завршите со претходните чекори, треба да кликните на опцијата „Jobs anzeigen“ ( во нашиот пример, на следната слика, ние тоа го направивме за Минхен )

7. Кога ќе дојдите до овој чекор, црно-белите маркери означуваат ресторани каде немаат потреба од работници, а жолтите означуваат ресторани каде што имаат потреба од работници. Тука со глушецот на тастаурата треба да појдите на било кој жолт маркер и ќе ви се појави адресата од ресторанот. А кога ќе кликните на маркерот веднаш ќе ви се појави понудата за работа како на сликата подолу.

8. Тука кликате на опцијата „Stelleangebote“ која ќе ве одведи до следната страна како на сликата подолу.

9. На овој чекор кликате на понудата за работа и ќе ви се отвори нов прозор. На новиот прозор одите најдолу на страната и треба да кликните на опцијата „Jetz bewerben

10. Кога ќе кликните на „Jetz bewerben“, тоа ќе ве одведи на нова страна каде треба да потполните ваши податоци и да ставите веќе готово CV на германски или англиски јазик.

Со тоа веќе имате аплицирано во конкретниот Мекдоналдс што сте го одбрале на седмиот чекор. Доколку сакате да ги зголемите шансите, одите одново да аплицирате во друг Мекдоналдс и чекате на одговор.

За повеќе вакви и слични содржини придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.

Доколку имате нешто нејасно слободно можите да не контактирате преку нашата контакт форма на веб страната или на нашиот емаил: [email protected]