Потребни документи за Австралиска туристичка виза

Од гаранторот

  1. Статутарна декларација( во која изјавува дека ке ги сноси сите трошоци за Вашиот престој таму и гарантира дека ке ја напуштите Австралија пред истекот на визата) или (спонзориран посетител )
  2. Банковен биланс (од банката за висината на примањата )
  3. Фотокопија за Австралиско државјанство и пасош
  4. Изводи од матична книга на родени ако сте во сродство
  5. Покана за закажана свадба или друг повод (доколку има)

Од поднесителот

  1. Формулар
  2. Четири фотографии на бела позадина
  3. Пасош + Фотокопија заверена на нотар
  4. Извод од родени не постар од 4 недели (преведен на англиски)
  5. Ако посетувате близок роднина (родител,брат,сестра…) се доставуваат и нивните изводи на родени
  6. Потврда од работа за редовен работен однос М1/М2 ( да биде наведено од кога и на кое работно место работите ) и користење на платен/неплатен одмор
  7. Ако сте сопственик на фирма, евиденција за регистрација на фирмата.
  8. Потврда за примањата за последните 3 месеци
  9. Уверение за семејна состојба заверена на нотар (во агенција)
  10. Уверение за поседуван имот ( тапии, сообракајна книшка…)
  11. За ученици и студенти потврда од училиште/факултет или индекс, како и одобрено отсуство
  12. За пензионери – чек од последната пензија
  13. Потврда од банка за заштедевина
  14. Венчаница не постара од 4 недели (преведена на англиски јазик)
  15. Потврда од работа за редовен работен однос (од брачниот другар) и висина на примањата
  16. Извод на родени за малолетни деца
  17. За лица постари од 70 години се доставува потврда од матичен лекар дека лицето е способно за патување
  18. Резервација на повратен авио билет

Сите приложени документи треба да бидат во оригинали или заверени фотокопии и документите кои не се на англиски јазик треба да се приложат со оверен превод.

Документите се поднесуваат во Австралиска Амбасада во Белград.