На Германија ѝ се потребни повеќе доселеници од земјите кои не се членки на ЕУ, се оценува во студија на фондацијата „Бертелсман“. Во спротивно нема да може да се одржи актуелното ниво на благосостојба.
Работа во Германија – гласи целта на многумина странци, пред сè на оние кои во своите татковини немаат професионална перспектива. На германската економија ѝ оди добро.
Но, тоа би можело да се промени. Најдоцна за десет години Германија повторно ќе биде упатена на поголем број работници од странство, се оценува во новата студија на фондацијата „Бертелсман“.
Во Германија сега има околу 45 милиони работници. Без доселеници тој број до 2050 година би се намалил на речиси 29 милиони. Германија мора да сфати дека многуте бегалци и пред сè нивните деца, се шанса. Зашто бројот на доселеници од други земји на ЕУ, кој последно изнесуваше околу 300.000 годишно, ќе се намали поради тоа што целата Унија се бори со намалување на населението.
Во изминатата година имало 470.000 доселеници повеќе отколку иселеници. Но долгорочно на Германија секоја година ѝ се неопходни повеќе од плус половина милион луѓе.
Само така е можно долгорочно задржување на благосостојбата.
Извор: dw.de.