Животот во Германија станува полесен, се намалуваат цените во повеќе сектори

Германски „Ди Велт“ во денешното насловно издание пишува дека претстои ненадеен пад на цените на гасот, челикот, градежните материјали, па дури и чипсот, кој има големо значење за Германците.

„Не предизвикува изненадување само падот на цената на гасот, во моментов паѓаат и трошоците за други суровини“, пишува Ди Велт.

 Според „Билд“, сојузниот министер за финансии Кристијан Линднер (ФДП) сака забележително да им олесни на возачите со попуст на цената на бензинот. Линднер сака „веднаш“ да воведе фиксно намалување на цената со цел да го ограничи литарот гориво на две евра, објави „Билд“, повикувајќи се на владини кругови. 

Линднер сакаше да одговори на наглиот пораст на цените на бензинот и дизелот. Конкретната сума на попустот се уште не е одредена, но одлуката најверојатно ќе биде донесена неделава. Таа може да доведе до намалување од 20 центи за литар, а можеби и повеќе.

Персоналниот приход до кој не треба да се плаќа данок треба да се зголеми за 561 евро, со што вкупниот износ ќе достигне 10.908 евра, според предлогот на германскиот министер за финансии. Детскиот додаток ослободен од данок, исто така, треба да се зголеми за 404 евра на 6.024 евра доколку новиот план го договори кабинетот.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија