Бронза за македонското девојче во Бундес лигата во Германија: Нов успех на Илина Соколовска во ритмичка гимнастика

Срцето му е топло на секој Македонец, кога наши луѓе ќе успеат во светот. Едни од нив се сестрите Илина и Ева Соколовски, кој нижат успеси низ Германија во ритмичка гимнастика.

Она што во моментов претставува македоска гордост е успехот на Илина (16) во Бундес лигата, која започна по пауза поради короната. И на стартот на натпреварувањето Илина се закити со бронза.

Таа екипно викендот настапуваше во Берлин, каде освои високи поени, но екипно за влакно им побегна среброто. До крајот на спортската сезона претстојат уште многу натпревари, кога на крајот се собрираат поените и се прогласува победникот.

– Настапив со три точки, топка, чуневи и лента. Благодарејќи на високите поени во соло настапите идниот месец заминувам за Леверкузен, каде ќе имам интернационален настап, ни рече гордо Илина.

Она што е важно, пак, за нејзината помала сестра Ева (12), е што оваа година таа остана на резервната клупа во нејзината категорија во Бундес, бидејќи поради годините се уште не е дел од ова најголемо германско натпреварување, но поради талентот и наградите што ги има зад себе добила покана да биде дел од Бундес лигата, но само доколку е потребно за замена.

А до крајот на спортската сезона овие две македонски сонца, кои боите на Германија го бранат со македонски пасош, ги очекуваат повеќе републички и интернационални натпревари.

Колку е голема љубовта кон овој спорт покажува и фактот што Илина минатиот месец  присуствуваше на светскиот натпревар по ритмичка гимнастика, што се одржа во Софија, а таму е пресреќна што се запознала со својот идол.

-Неочекувано пред мене се создаде олимпискиот победник од Израел Ашрам. Јас се исрадував и јас ја повикав. Таа дојде до мене и се сликавме. Пресреќна сум, бидејќи таа е најдобра во овој спорт, го сонувам нејзиниот успех и  сонот ми се оствари лично да ја запознам, вели Илина.

Илина и Ева веќе се подготвуваат за наредниот месец во Леверкузен, каде ќе се натпревруваат во нивните категории. И секако, како што е вообичаено, очекуваме да се закитат со некој медал.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија