Аплицирање за канадска виза – чекор по чекор

1. Прв чекор – пополнете го формуларот
Откако ќе се логирате на Вашиот MyCIC профил (тоа можете да го сторите овде), ќе добиете линк каде можете да аплицирате за постојан престој преку Express Entry програмата. Можете да ги зачувате информациите во формуларот, да ги менувате и дополнувате сѐ додека не сте подготвени да ги доставите. Поканата за да аплицирате преку Express Entry програмата важи 60 дена. Мора да ги пополните сите задолжителни полиња во формуларот, бидејќи без тоа нема да можете да ја испратите апликацијата. Притоа, сите Ваши одговори мора да бидат целосни и вистинити.

2. Втор чекор – Спремете ги сите документи
Откако ќе го пополните формуларот, ќе добиете список на документи кои треба да ги испратите заедно со апликацијата. Притоа, треба да направите копии од документите (со помош на скенер или фотоапарат). Некои од документите кои би Ви биле потребни се: копија од пасош; потврда за познавање на јазик; писмена форма од понуда за работа во Канада (доколку имате); во некои случаи потребна е и потврда од банкарска сметка (како доказ дека можете да се одржувате себеси и Вашето семејство); ECA потврда за завршено образование (Educational Credential Assessment служи како потврда за Вашата диплома доколку сте ја стекнале надвор од Канада).
Исто така, доколку добиете покана да аплицирате, потребно ќе Ви биде и лекарско уверение. Ваква потврда треба да поднесете и за членовите на Вашето семејство, без разлика на тоа дали ќе заминат со Вас или не. Ова е потребно од безбедносни причини – апликацијата ќе Ви биде одбиена доколку сте закана за општото здравје на граѓаните на Канада, или доколку Ви е потребно скапо лекување на сметка на канадското здравствено осигурување. Исто така, постои голема веројатност дека Вашата апликација ќе биде одбиена доколку имате криминално досие.

3. Трет чекор – Платете ги трошоците

Трошоците кои ќе ги имате се следните:

  •  такса за обработка на Вашите и податоците за Вашето семејство
    ова се однесува на сите членови на Вашето семејството кои ќе доаѓаат со Вас и чии податоци ги има во апликацијата
  • такса за визата за постојан престој
    оваа такса се плаќа само доколку Вашата апликација биде одобрена; изнесува $490.00 по лице; за децата кои ги издржувате не треба да се плати; средствата ќе Ви бидат рефундирани доколку не ја искористите Вашата виза;
  •  други надоместоци
    под други трошоци спаѓаат тестирањето на јазичните познавања, признавање на дипломата, лекарското уверение, превод на Вашите документи и слично;

 

4. Четврти чекор – Доставете ја Вашата апликација

Проверете дали сте ги пополниле сите задолжителни полиња, дали се платени сите такси и дали се вклучени сите придружни документи. Системот не ќе може да ја прифати Вашата апликацијата, доколку не е уредно пополнета. Користете го списокот на документи за да бидете сигурни дека не сте заборавиле ништо.

Откако ќе ја поднесете Вашата апликација, започнува нејзина обработка. Притоа CIC треба да потврди дали сите информации што сте ги поднеле се точни и дали имате право да имигрирате во Канада.

Доколку биде одобрена Вашата апликација, ќе добиете известување со упатство што следно да направите.

Подетални информации можете да прочитате овде.

1 Trackback / Pingback

  1. amoxicillin 500mg capsules

Comments are closed.