В. Британија со нови законски измени за странските работници

Според новите законски измени кои треба да стапат на сила во септември, вработените во јавниот сектор ќе мораат течно да зборуваат англиски јазик, соопшти Владата на Велика Британија. Ова се однесува на оние работници кои секојдневно се во контакт со клиенти.

Од вработените ќе се очекува да имаат јазични познавања кои ќе бидат еквивалентни на C ниво, според GCSE квалификациите.

Министерот за енергетика, Мет Хенкок, го потврди овој потег на британската влада. „На таков начин, сакаме да ја контролираме имиграцијата, што е за доброто на сите вредни луѓе“, рече тој. „Под ова се подразбира и јазична проверка на странците кои работат во нашата држава. Вработените во јавниот сектор кои секојдневно се во комуникација со клиенти, треба да зборуваат англиски јазик на високо ниво.“

Вакви барања, веќе постојат за некои кадри во јавниот сектор, како што е здравството. Лекарите се тестирани од страна на Генералниот медицински совет, чии правила се поригорозни од 2008 година, откако британски пациент почина бидејќи еден германски лекар му дал смртоносна доза на лекови против болки.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија