Дали би го положиле тестот за државјанство на Канада?

Еден од условите за добивање канадско државјанство е положување на тестот со кој ќе докажете дека доволно добро ја познавте културата, историјата и вредностите на Канада. За да станете канадски државјанин, треба да ги разбирате правата, обврските и привилегиите на државјанството, како што се гласање на избори и почитување на законот.

На овој линк можете да го тестирате вашето знаење за Канада. Можете да одберете конкретна провинција, но можете и да одговарате на прашања за сите канадски покраини.

За да прочитате повеќе информации за постапката и условите за добивање канадско државјанство, кликнете на следниот линк.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија