Услови и постапка за добивање германско државјанство

Условите за добивање германско државјанство се регулирани со членот 10, став 1 од Законот за државјанство. Првиот услов е легално да сте живееле во Германија најмалку осум години и да поседувате соодветна дозвола за престој. Понатаму, треба да ја потврдите својата верност кон германскиот устав и доволно добро да го познавате германскиот јазик. Под „доволно познавање“ се подразбира да можете да го користите во секојдневниот живот, како и да бидете во можност да читате, зборувате и разбирате германски. Познавањето на германскиот јазик е основен предуслов за интеграција во германското општество. Од 2008 година, Германија воведе испит кој кандидатите мораат да го положат за да добијат државјанство. На овој испит, ќе добиете прашања за германската историја, политика, општество и слично.
Кандидатите за добивање државјанство мораат да бидат способни самите да се издржуваат без притоа да имаат потреба од социјална помош или надоместок за невработеност (Arbeitslosengeld II), освен ако тоа е резултат на околности кои се надвор од нивно влијание. Кандидатите не смеат да имаат извршено тешки кривични дела и да бидат осудувани.
Покрај тоа, тие мора да се откажат од нивните претходни државјанства. Во одредени случаи или за одредени групи на лица, може да постои исклучок.

Според членот 9 од Законот за државјанство, сопружниците или партнерите на германски државјани, имаат право да аплицираат за германско државјанство после три години законски престој во Германија. Тие треба да се во брак или во регистрирана вонбрачна заедница од најмалку две години пред да аплицираат. Притоа, сите останати услови за добивање државјанство важат и за нив.

Од 1 јануари 2000 година, Законот за државјанство содржи клаузула со која се забранува доделување државјанство на лица за кои постојат фактички докази за противуставни, екстремистички или терористички активности. Пред доделувањето државјанството, кандидатите се подлежни на целосни проверки од страна на полицијата и безбедносните органи.

Доколку ги исполнувате условите, треба да поднесете барање. Барањето го поднесуваат лица над 16 годишна возраст. Доколку лицето има помалку од 16 години, тогаш неговите родителите ја поднесуваат апликацијата во негово име.

Целата постапка чини 255 евра по лице. За малолетни деца кои аплицираат заедно со својот родител, важи намалена такса од 51 евро. Таксите можат да бидат намалени или целосно поништени во одредени случаи.

За повеќе информации за добивање германско државјанство, кликнете на следниот линк.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија