Породилно отсуство (Elternzeit) во Германија

Една од придобивките од живеењето во Германија се правата и законите што ги имате како родител. Едno од најкористените секако е Elternzeit, т.е. право на ослободување од работа поради новороденче во семејството.

Поточно – Elternzeit е отсуство кое законски им е достапно на вработените во Германија да поминуваат време и да се грижат за сопственото дете. Elternzeit е време, Elterngeld е надохнадата што ја добивате за тоа време.

Кој има право на Elternzeit во Германија?

Според германскиот закон сите вработени лица имаат право на Elternzeit. Ако не сте вработени тогаш Elternzeit нема смисла, нели? Исклучок се самовработените кои немаат право на Elternzeit од државата и работодавачот, туку треба самите да си „дадат“ слободно време.

Кои се условите за Elternzeit во Германија?

Прво, треба да работите. Дали сте вработени на неопределено време (unbefristetes Arbeitsverhältnis), на определено време (befristetes Arbeitsverhältnis), дали работите со полно работно време (Vollzeit), со скратено работно време (Teilzeit), дали сте на пракса (Ausbildung) и без разлика каде работите, воопшто не е важно. Ако сте вработени, според германскиот закон, имате право на Elternzeit.

Elternzeit постои за да ви овозможи да бидете со вашето дете. Затоа, ако сте на Elternzeit, мора да бидете со детето и тоа мора да живее со вас во куќата. Детето не мора да биде ваше биолошко, туку и посвоено или стекнато преку брак.

Колку трае Elternzeit во Германија?

Elternzeit во Германија трае најмногу 36 месеци и може да се искористи додека детето не наполни 8 години. За да се оствари ова право, 12 од максималните 36 месеци мора да се искористат пред 3-тиот роденден на детето. Elternzeit може да се подели на максимум 3 периоди или да се искористи целиот одеднаш.

Бидејќи Elternzeit најчесто се поврзува со паричен надоместок (Elterngeld), на кој имаме право само од 12 до 14 месеци (со Elterngeld Plus 24 – 28 месеци), многу родители се одлучуваат за 12-месечниот Elternzeit.

Најчесто мајката, која е во Mutterschutz 2 месеци по раѓањето на детето (правната рамка која ја штити мајката помеѓу 6 недели пред и 2 месеци по раѓањето), потоа зема 10 месеци Elternzeit, а таткото го дозема преостанатите 2 месеци. Elternzeit можат и двајцата родители да земат наизменично, или во исто време.

Како да аплицирате за Elternzeit во Германија?

Апликацијата за Elternzeit мора да ја поднесеме до работодавецот најмалку 7 недели пред почетокот на Elternzeit. Важно е ова барање да го поднесете во писмена форма и би било добро да имате одредена потврда за прием. Elternzeit никој не може да ве одбие, вие всушност само го информирате работодавецот дека ќе го остварите вашето право. Состојбата со работната сила во Германија не е лесна и работодавачите нема да бидат среќни што заминувате на релативно долго време. Затоа Elternzeit, освен првата година за мајка која е стандард, речиси секогаш е прашање на договор.

Еве еден пример:

Име и презиме

Вашата адреса

Работодавецот

Минхен, 14 мај 2022 година

Antrag auf Elternzeit

Sehr geehrter Herr …

hiermit beantrage ich Elternzeit für mein Kind. Der mutmaßliche Geburtstermin ist der xx.xx.20xx. Die Elternzeit soll am …. beginnen und bis zum …, also insgesamt … Monate, andauern. Dass ich mein Kind selbst betreuen und erziehen werde und es mit mir in einem Haushalt leben wird, bestätige ich hiermit.

Ich bitte Sie um eine Bestätigung des Erhalts dieses Schreibens sowie eine Bescheinigung über den Zeitraum der Elternzeit. Für ein klärendes Gespräch stehe ich Ihnen gerne zur Verfügung.

Mit freundlichen Grüßen

–––––––––––––––––––––––
Datum/Unterschrift

Плус

Elternzeit не мора да значи дека целосно ќе престанете да работите, можете да бидете во Elternzeit и да работите најмногу 30 часа неделно. За сите деца родени по 1 септември 2021 година, родителот може да работи 32 часа неделно и да продолжи да „биде“ во Elternzeit.

Според законот, вашиот одмор се намалува за една дванаесетина (1/12) за секој целосен календарски месец од Elternzeit.

Имате Kündigungsschutz (заштита од отказ) што важи 8 недели претходно и за целото времетраење на Elternzeit. Значи, работодавачот не може да ве отпушти.

Кога ќе се вратите на работа, работодавачот не мора да ви ја дава истата работа како порано, но ако ви понуди нова, таа мора да има ист „ранг“, важност како старата. Вашиот договор за вработување за време на Elternzeit останува непроменет.

Како што веќе видовме, Elternzeit најчесто се користи при примање Elterngeld. Тешко е да се земе Elternzeit во Германија ако не можеме да сметаме на некој приход. Elterngeld се пресметува од просекот на вашите последни 12 плати и изнесува минимум 300, а максимум 1800 евра месечно.

Можете да го прекинете elternzeit порано ако сте повторно бремени.

Времето поминато во Elternzeit се брои како време поминато на работа.

За самовработените (Selbständige), Elternzeit навистина нема смисла, бидејќи тие самите би ја поднеле апликацијата до себеси. Секако, сите самовработени имаат можност да одлучат да престанат со работа на одредено време и да добијат Elterngeld.

Овде прочитајте се за детски додаток во Германија

Овде прочитајте за Kinderzuschlag во Германија

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група ЕМИГРИКО