НОВО: За македонските државјани остануваат во сила ограничувањата за влез за невакцинирани во Германија

Во врска со новоусвоената уредба на Сојузната влада за олеснување на правилата за влез во Германија и привременото укинување на мерките за влез од 1 јуни до 31 август 2022г. би сакале да известиме за следното:

1.  Напомена: Правилата и олеснувањата во сила од 1 јуни се однесуваат на германските државјани и државјаните на останатите земји членки на ЕУ, лицата со регулиран престој во ЕУ, како и за државјаните на трети земји кои се на позитивната листа на ЕУ, која за жал сеуште не е изменета и не ги вклучува Македонија и другите држави од Западен Балкан.

2.    За македонските државјани, за жал, сеуштe, важат ограничувања за влез за невакцинирани и вакцинирани со непризнати вакцини.

3.  Во однос на општите правила за влез во Германија од трети земји, формално дозволен е влез за лица над 12 години само за вакцинирани со признати вакцини во Германија и ЕУ и еквивалентни на нив, и на сертификатот не треба да му е истечена важноста 9 месеци од втора доза призната вакцина. Ако е истечен треба или 3 доза или негативен тест или сертификат за прележаност не постар од 3 месеци од позитивен тест. 

4.  Единствена позитивна промена за македонските државјани е што со новата регулатива во Германија за вакцинирани се признаваат и лицата вакцинирани со вакцините одобрени од Светската здравствена организација, односно кинеските вакцини Синовак и Синофарм, кои е потребно, покрај двете дози, да имаат примено трета доза  вакцина или да допатуваат со негативен тест. Руските вакцини не се признаваат.

5.  Македонија од 27.02.2022 г. не важи веќе за подрачје со висок ризик според одредбата за влез во услови на корона-пандемијата во Германија. Електронска пријава за влез не е потребна повеќе.

  Соодветно, влез за македонски државјани во Германија е можен, само:

 1. Со целосна вакцинација со признати вакцини: Лица над 12 години, што се целосно вакцинирани со вакцина што е призната во Германија/ ЕУ или еквивалентна може да влезат во Германија за сите цели на патување, ако од последната потребна вакцина поминале минимум 14 дена.  Од 1 февруари важењето на вакцинацискиот сертификат во ЕУ/ Германија се намали од 12 на 9 месеци од втора доза призната вакцина. Ако е истечен треба или 3 доза или негативен тест или сертификат за прележаност не постар од 3 месеци од позитивен тест. Деца под 12 години, што сè уште не се вакцинирани, може да влезат со доказ за тест, (ПЦР-тест или антиген тест) во придружба на барем еден целосно вакциниран родител. На деца под 6 години не им е потребен ниту ковид-сертификат ниту потврда за тест.

2. Поради нужна причина: лица без целосна вакцинална заштита  може да влезат во Германија само доколку нивното патување е итно нужно. Од патниците се бара да носат со себе соодветни докази за нужна причина, студиски престој, обука, службено патување, за семејна поврзаност и сл. што јасно ја покажува потребата да се премине границата. Без оглед на критериумите наведени погоре, одлуката дали да се дозволи влез е на дискреционо право на службениците кои вршат гранични проверки. Крајната одлука за дозвола за влез  во Германија сепак ја носи граничната полиција. Студиски размени и посети и обуки, деловни патувања може да спаѓаат во исклучоците за влез и може да се влезе и со тест постар од 48 часа, но треба вие со организаторот да ги обезбедите сите потребни документи – покани, информации, доказ за обезбедено сместување, патничко здравствено осигурување за да ги покажете на гранична полиција. Туристичките патувања во Германија не претставуваат итна причина, заради што не се дозволува влез за не(целосно) вакцинирани лица.  Доколку се докаже  нужноста тогаш е потребен негативен  КОВИД-19 тест, антиген или ПЦР, кои не смеат да бидат постари од 24 (антиген) односно 48 (ПЦР) часа во планираниот момент на влез во земјата.   Прележаноста се докажува со директна детекција на вирусот, а тестот за доказ на претходната инфекција мора да е најмалку 28 дена, а најмногу 90 дена стар. Деца под 12 години се ослободени од обврската за приложување на докази.

Појаснување во однос на видот на вакцините и бројот на дози како услов за влез:

Со новата уредба, во Германија, покрај признатите во ЕУ вакцини, соодветно е да се дозволи влез врз основа на целосна основна имунизација со две дози вакцина наведена во EUL на СЗО и ако поминале повеќе од 270 дена од последната доза вакцинација – дополнителна доза. Признат доказ за вакцинација одобрена во странство и идентична во формулацијата со вакцина одобрена во ЕУ е сертификат од странство на германски, англиски, француски, италијански или шпански, дека лицето има две индивидуални дози и не поминале повеќе од 270 дена од последната доза вакцинација со вакцините наведени од СЗО:

а) COVAXIN®, од Bharat Biotech International Ltd.

б) Covilo/BBIBP-CorV, од Пекинг Институтот за биолошки производи Co., Ltd. (BIBP) / Sinopharm Group Co. Ltd.

в) CONVIDECIA, од CanSino Biologics Inc. или

г) CoronaVac, од Sinovac Life Sciences Co., Ltd.

По овие 270 дена, секој што примил дополнителна вакцинација со една од наведените вакцини или со вакцина која е одобрена од Европската Унија најмалку 270 дена по примањето на последната индивидуална доза, и понатаму се смета за вакциниран. Комбинацијата од две индивидуални вакцини и сертификат за прележаност се препознаваат на ист начин за вакцините наведени од СЗО, бидејќи тоа резултира со споредливо зголемување на имунолошката заштита. Бидејќи нема доволно податоци за резултати од комбинација од само една вакцинација со вакцина наведена од СЗО и еднократна прележаност  на Ковид, олеснувањата не важат за оваа категорија лица. 

Самата вакцинација, исто така, мора да исполнува одредени барања за целосна заштита од вакцинација како доказ за влез и тоа:

а) до 30.09.2022 година: две дози вакцини;

б) до 30.09.2022 година: единечна вакцинација само доколку дополнително поседува:

– тест за антитела со докажана корона инфекција пред еднократната вакцинација, а потоа доказ за единечна вакцинација; 

– позитивен тест PCR тест пред да се прими еднократната вакцинација; или

– позитивен тест PCR тест по приемот на еднократната вакцинација и поминати 28 дена од спроведувањето на тестот;

в) од 01.10.2022 година: три дози вакцини; последната доза вакцинација мора да биде дадена најмалку три месеци по втората поединечна вакцинација;

г) од 01.10.2022 година година: две дози вакцини само доколку дополнително поседува:

– тест за антитела со докажана корона инфекција пред првата индивидуална вакцинација, а потоа две дози вакцини; 

– позитивен тест PCR тест пред да се прими втората индивидуална вакцинација; или

– позитивен PCR тест по примањето на втората индивидуална вакцинација и поминати 28 дена од спроведувањето на тестот.

Како гаранција да избегнете евентуални непотребни недоразбирања и компликации, кои за жал се случуваат, советуваме да се обратите и на германската сојузна полиција преку овој линк со прашалник, за да добиете одговор-потврда.

https://www.bundespolizei.de/Web/DE/Service/Kontakt/08_Reiseanfrage/reiseanfrage_node.html

Подолу линкот со насоките и условите за влез од германската амбасада во Скопје. 

https://skopje.diplo.de/mk-mk/service/visa-einreise/-/2443252?openAccordionId=item-2516094-1-panel

Извор: Министерство за Надворешни Работи

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија