Десетте најубави плажи на светот според National Geographic

Една од најфотографираните плажи на светот е Anse Source d’Argent со бледорозов песок на островот La Digue, еден од 115 острови кои го сочинуваат Сејшелскиот Архипелаг во Индискиот Океан. Тиркизната вода на оваа плажа не е многу длабока и нема големи бранови кои би дошле од океанот, поради заштитата која ја пружаат гребените.

На Малдивите ја имате можноста да пливате опколени со тропски рипки, да престојувате во луксузни одморалишта и да нуркате и до 24 метри во преубавата сина вода.

Бора Бора е еден од магичните острови кои се дел од Француска Полинезија во Јужниот Пацифик. Долг е само 29 километри и има заштитена лагуна опколена со бели песочни брегови.

Бора Бора важи за еден од најромантичните острови на светот, нудејќи им на вљубените парови интимна атмосфера и изолирани плажи.

Едно од најатрактивните места за припадниците на холивудскиот џетсет е токму Хемптонс, а вистински престиж е да поседувате куќа токму таму. Хемптонс ја има една од најубавите плажи на Лонг Ајленд.
Ланикаи Бич е плажа која се наоѓа на Хаваите. На оваа плажа палмите нежно се лулаат од тропското ветре врз белиот песок, а заедно со сончевите зраци, добивате незаборавни и романтични глетки. Брегот е заштитен со корален гребен, а водата секогаш има сино-зеленикава боја.
Најпопуларните плажи на овој остров се Surfside и Children’s. Водата е релативно мирна, а плажите се песочни. Доколку сте љубител на незаборавни зајдисонца и сурфање, тогаш највеќе ќе ви се допадне плажата Madaket.
Австралискиот остров Фрејзер е најголемиот остров со песок на светот и поседува една од најубавите светски плажи. Овој остров е сон на секој екологист и претставува вистински природен рај кој се простира на површина од 1.664 квадратни километри.
Сент Бартс е еден од најубавите острови на Карипското Море кој претставува спој од француска шик елеганција и островска релаксација. Со своите преубави плажи, француската кујна и елегантните хотели, овој тропски рај постигна огромна популарност помеѓу светските џетсетери.
Зборот “лангави“ во превод значи “земја од соништата“, што доволно зборува за самиот остров за кој се зборува дека на времето бил прибежиште на пиратите. Лангави и денес претставува модерно прибежиште за луѓето кои сакаат вистински да уживаат во бели песочни плажи кои не се преполни со туристи и чисти води опколени со зелени шуми. Една од најубавите плажи на овој остров е Датаи Беј, која нуди се што би можел човек да посака.
Лоциран на брегот Кохала на Големиот Остров на Хаваите, заливот Каунаоа ја нуди прекрасната плажа долга 400 метри со мирна, сина и чиста вода, палми и бел песок. Таму туристите можат да пливаат, да се сончаат и да нуркаат, а навечер ја имаат приликата во водата да видат манта реи како пливаат.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија