Правата на вработените во случај на боледување во Швајцарија

Сите работодавци порано или подоцна се соочуваат со проблемот на отсуство на вработени поради болест. Законот не предвидува обврска на работодавачот да ги осигурува своите вработени, односно работодавачите можат али не мораат да ги осигуруваат вработените во случај на боледување. Сепак, голем број работодавци го прават тоа. Доколку решат да ги осигураат вработените, можат да склучат колективен договор со т.н. Krankentaggeldversicherung.

Потоа на вработените, во случај на отсуство поради болест, наместо работодавачот им плаќа осигурувањето. Ова осигурување може да се склучи од првиот ден на отсуство од работа поради болест или по одредено време – 3, 10, 30 дена или 3 месеци. Во овој договорен рок, работникот добива плата од работодавачот, а потоа добива дневници од осигурувањето. Најмалку 50% од премијата за ова осигурување плаќа работодавачот, а остатокот се одбива од бруто платата на работникот.

Разликуваме осигурување преку KTG (социјално осигурување) или VVG (приватно осигурување). Осигурениците на КВГ добиваат дневници во рок од 720 дена од осигурувањето во период од 900 дена, по што осигурувањето се прекинува. Услов за стекнување е 50% неспособност за работа. Осигурениците на ВВГ можат да добијат дневен додаток до 25% од спреченоста за работа поради болест.

Во случај на осигуреници во КВГ, осигурувањето и плаќањата се прекинуваат по престанок на работниот однос. Кај осигурениците на ВВГ осигурувањето не се исплаќа во случај на нови заболувања, кај постојните болести продолжува да плаќа дневници најмногу до 730 дена, иако работниот однос е прекинат, но тоа може да се договори поинаку.

По престанокот на работниот однос, постои законска можност од колективен договор да се премине на личен, со тоа што целата сума на премија се уште ја плаќа работникот. За ова работодавачот е должен да го извести работникот. Пред да се префрли од колективен на личен, индивидуален договор, треба да се побара понуда од осигурување, бидејќи премиите може да бидат многу високи.

Склучување на индивидуален договор се препорачува доколку може да се плати премијата, особено кога ќе остане без работа, бидејќи осигурувањето за невработеност во случај на болест се исплаќа само 30 дена. 80% од платата вработениот зема од осигурувањето и тоа само доколку болеста или повредата што го спречува за отсуство од работа не ја предизвикал самиот.

Лекарско уверение за боледување мора да се издаде најдоцна до третиот ден на спреченоста за работа, иако може да се предвиди издавање на потврда од првиот ден од боледувањето.

Доколку работодавачот се сомнева во боледувањето, може да побара преглед кај друг лекар. Придонесите за AHV/IV/EU не се одбиваат на дневници добиени од осигурување. Доколку работодавачот не ги осигура работниците со осигурување, должен е сам да ги плаќа одредено време, како што е пропишано со граѓанското право (OR).

Со него се пропишува дека работодавачот е должен да му исплати на работникот доколку е вработен повеќе од 3 месеци или од почетокот на постојан работен однос 3 недели во првата година од вработувањето, а потоа плаќа во зависност од бројот на годините на работен однос и скалата која ја применуваат. Во употреба се  Basler (BL, BS), Zürcher (ZH, SH, TG) и Berner скала (AG и други кантони).

Бернеровата скала предвидува дека работникот кој не може да работи поради болест ќе добие плата од работодавачот и тоа: 2 до 4 години работен однос 2 месеци; од 5 до 9 години 3 месеци; од 10 до 14 години работен однос 4 месеци; од 15-19 години 5 месеци; од 20 години вкупно 6 месеци. Препорачливо е да се побараат информации од работодавачот во врска со осигурувањето во случај на неспособност за работа.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија