10 неверојатни места во Шведска (I дел)

Ве водиме низ културно и историски важни места и природни феномени во Шведска кои се на списокот на светско наследство на УНЕСКО и се сметаат за примери на наследство од светско значење кое вреди да се зачува.

Светско наследство – наследство од минатото, дел од реалноста во која живееме денес, богатство што им го пренесуваме на идните генерации.

1. Лапонија – дали е тоа таму каде што е замрзнато и 24 часа е ноќ?<

Лапонија (изворно Sápmi) зафаќа површина од 9.400 km² и носи траги од најраната историја на Земјата и човештвото. Особено е интересно да се погледне областа од научна перспектива бидејќи е показател за многу геолошки, биолошки и еколошки промени на планетата. Она што ја карактеризира биолошката разновидност се планинските масиви, шумите, водотеците, како и флората и фауната. Има и 4 национални паркови: Падјеланта, Стора Сјефјелет, Мудус и Сарек, но и 2 природни резервати Сјавња и Стуба.

Лапонија е исто така богата со глечери и речни делти, а Лајтавределтат (Lájtávrredeltat) е едно од најфотографираните места на кое се гледа реката поделена на куп лагуни, кои постојано се менуваат, па денес овде можете да поминете со суви чевли, а утре ќе ви треба чун и весла.

Покрај фасцинантната природа, она што го прави далечниот север посебен е културата и традицијата на домородците, номадскиот народ Сами.

2. Геодетски лак Струве – ако се прашувате што ги поврзува Норвешка и Црното Море

Седум од 265 тригонометриски точки кои го сочинуваат овој лак се наоѓаат во Шведска. Астрономот Вилхелм фон Струве сакал да ја одреди точната форма и големина на Земјата, па смислил лак кој започнува на Хамерфест во Норвешка и завршува во Изамил, Украина. Геодетскиот лак на Струве е важен за развојот и изработката на топографски карти и се смета за голем технолошки напредок на XIX век.

3. Црковно село Гамелстад, Лулео – над 400 црковни куќи

Гамелстад (Gammelstad) во Лулео (Luleå) е најголемото црковно село на северот на Скандинавија, создадено поради социјалните и верските потреби на жителите. За време на верските празници и обичаи наменски се користат бројни црковни куќи. Тие потекнуваат од XVI век, кога под влијание на Реформацијата обврските на црквата станувале се побројни, а на луѓето што на собирите доаѓале од далеку им било потребно сместување.

4. Хеја Кустен – средба на копно и море

Никаде на друго место во светот издигнувањето на плочата на Земјата не е побрзо како во Источна Шведска. Таканаречените Високи брегови (Höga kusten) може да се видат како глечери, а морските бранови формираат уникатен пејзаж. Како дошло до тоа?

Леденото време во Скандинавија завршило пред околу 12.000 години. Тогаш земјата почнала да се крева, мразот постепено се стопил и водата го покрила Високиот брег, оставајќи по некои острови, т.н. калотсбериј. На почетокот кревањето на плочата било брзо (дури и 10 cm годишно), додека денес е само 8 mm.

5. Хелсињландски фарми – приказна од 19 век

Хелсињланд (Hälsingland) има околу 1.000 фарми, од кои 7 ја комплетираат листата на светско наследство. Она што ги прави препознатливи фармите во Хелсињланд е комбинацијата на посебен стил на градба и изразување на богатата народна традиција и уметнички дух преку украсно внатрешно сликање.

Покрај автентичниот изглед, секој имот имал свое име (често по сопственикот), а едни од најпознатите се Јон Лаш, Бортом Оа, Кристоферс и Ерик Андеш.

Кон II дел

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска