Храната во Норвешка е премногу скапа

The Qureshi family of Lorenskog, Norway, an Oslo suburb. Pritpal Qureshi, 49, choosing cereal in a supermarket in Oslo while buying a week's worth of groceries. Model-Released.

Норвешкиот министер за земјоделство и храна, неодамна се изјасни дека храната на норвешкиот пазар е премногу скапа, притоа обвинувајќи го недостатокот на конкуренција во оваа индустрија.

Туристите во Норвешка веќе долго време остануваат изненадени од цената на храната. На пример, една пица во ресторан во Осло чини околу 150 круни (16.5 евра), шише вино чини околу 120 круни (13 евра), додека пак еден леб купен од супермаркет ќе ве чини 25 круни (околу 3 евра).

„Имаме навистина високи цени на храна, па токму затоа владата на Норвешка размислува за начини на кои ќе ја зголеми конкуренцијата на пазарот“, изјави министерот Силви Листаг, за весникот Афтерпостен.

Само во текот на последните неколку месеци, цените на храната се зголемија за 5,4%. „Со само три ланци на супермаркети, ние треба да се осврнеме на поголема конкуренција“, предупредува министерот.

Високите цени на храната во Норвешка е причината поради која многу локални Норвежани заминуваат на шопинг во Шведска. Ова остана така, иако норвешкта круна падна наспроти шведската.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија